еРепубилк – повеќе од игра!!!РЕОБЈАВА

Day 1,237, 02:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Master Splinter Sensei
Статијава ја реобјавувам бидејќи само што ја ставив одма ја снема за 5 мин 😃

Како минува време и како сум се повеќе дел од оваа игра гледам дека еРепублика е многу повеќе од игра и дека во иднина може да претставува уште поголема можност за претставување на Македонија низ светот.
Кога ќе се земе во обзир фактот дека оваа игра ја играат огромна бројка на млади луѓе низ светот и секојдневните контакти кои ги остваруваат нашите еМакедонци со сите нив носат голема промоција на Македонците и Македонија. Посебно кога се работи за млади луѓе кои ги прават првите чекори во осознавање на светот околу себе, запознавањето со Македонија носи можност за ширење на нашата вистина и сликата за Македонија секаде низ светот посебно меѓу оние кои се иднината на светот.
Затоа верувам дека еРепублика, и еМакедонците кои ја играат оваа игра и се дружат со младите во светот, претставува голем амбасадор на Македонија за нејзино презентирање и промоција секаде низ светот.

Ако може В+С