Јас сум КЛЕН (Leuciscus cephalus) !!

Day 1,218, 04:57 Published in North Macedonia Armenia by GokaGrozni
"Клен е риба на чистите води и средно брзите текови. Најчесто се наоѓа во средните водени текови, во средните и поплитки места, длабоките вирови и на премините од вир во вир. Со исклучоци на некои езера и бари каде што го нема, кленот може да се размножува и да живее во сите канали и езера, кои се на некој начин поврзани со некоја река. Го населува скоро цел европски континент, освен скандинавските простори, што ни говори дека е поприлично прилагодлива врста на риба. Сепак најчесто кленот ги населува протечните води со цврсто и каменито дно. Знае да преживее и во места каде многу други врсти на риби уназадиле или не преживеале. Зимно време, кленот се сместува во помирните зони блиску до водените струи, во шуплива обала и во спори но силни вртлози. На пролет ги поминува сите места каде што растат водните алги, како и во поплитките места и сите други места каде инсектите се во поголем број. Летно време се поставува во заседи на површината, најчесто во сенка и спремен е одеднаш да проголта секаква врста на храна. Во есен, вртлозите и водните препреки му овозможуваат поголем дел од времето да го помине прехранувајќи се без поголем напор. Кленот има широка лепеза на искрана: полжавчиња, ракчиња, пуноглавци, разни ларви, копнени и водени инсекти, растителни и отпадни остатоци, мов, алги и трева, разно овошје кое случајно му паѓа од дрвата, грозје и сл. И покрај сета оваа исхрана, кленот сепак е многу внимателна риба"

Фина и интересна увертира во мојава денешна статија, јас само тука би дополнил дека во народот, зборот клен се употребува и во една фраза, како што е "дреме како клен" што е слично со народната поговорка "Арната момичка лош късмед имат, а лошата арен" а генерално значи дека си останал со куси ракави или пак си останал да дремеш со прст во уста.


Се започна утрово кога јас ( во понатамошен текст Кленот ) се логирав на еРеп за да видам до кај е состојбата со нападот на еИталија, регионот богат со риби.Добро е, немаме изгубено нитту една битка.Наскоро ке започне нова и добра шанса кленот да земе медал.На кленот му стоеше на располагање : 200 helth left to recover + со новите 300 helth + тенковите и лебот што го имав магацинот + 2,5 gold како back-up.Математиката покажуваше дека кленот има реални шанси да се обиде.

1-во потенцијално проблемче, словенецот dikivi, кој и така не беше online, меѓутоа играч со 30 level и еден куп на ВН медали, кога ке добие порака од кленот само ке се насмее и ке ме батали, башка и пораката е со граматичка грешка.


2-ро потенцијално проблемче, MetoodiusMagnus од МТО, разменивме 2-3 пораки, во ред е, договорено кленот продолжува


3-то потенцијално проблемче, Аминта Мадонецот од МТО, разменивме 2-3 пораки, во ред е, договорено кленот продолжува


4-то потенцијално проблемче, Spiromkd од Хаос, разменивме 2-3 пораки, во ред е, дечкото не брка БН медал ама му требало злато, кленот му ветува 1/2 од наградата.На што Spiromkd му одговара, не бери гајле бркај медал, ама пази Аминта ти дише у врат.


Во тој момент мислев дека потенцијаните проблемчиња се решени, дека 1-та порака упатена кон Аминта ( која патем е на македонски јазик, нему разбирлив ) ке вроди со плод, дека конечно ке се закитам со медал.Ама не знаев дека "циркус Колорадо је у вашем граду" и дека тогаш веќе станував Клен.



Последната минута и пол во главата ми се појавиа стихови од две песни:

"Ко да не сум одовде
не, јас никому не припаѓам
стојам отстрана и посматрам
и во ништо повеќе не верувам
Ѕид од празни зборови
меѓу нас и она што е суштина
Чекам истрел да те разбуди
Чекам истрел кој ќе пресуди
Sieg Heil
uber MakedoniSCHe
heil Ubermakedoner"

"Ja pevam svoj blues bez namere bitne.
I najvece ribe za mene su sitne.
Ja sa strane samo posmatram taj svet.
A budem i ja i smuvan i varan,
pa svakom se desi da ispadne saran,
to je bar rutinska stvar"

Добро, бидна што бидна, битката заврши, неџабе рекле старите "Едно мислит, друго зборвит, трето прајт", на дечкото му требаше и 3-от медал, макар и газел преку кленови.Кој сум пак јас да го оспорувам неговото уставно право на стекнување на имот, меѓутоа во една игра, ако е само игра, договорот сеуште би требало да е договор.



"Крајот го краси делото" и "Два карпуза под една мишка не се носет" се поговорките оставени за крај, човекот се извини и ми го прати спечаленото златото, заборавајки не една работа опишана во една песна, заборавајки и дека кленот е “поприлично прилагодлива врста на риба”





Статијава е напишана за сите оние алчни играчи, во овој случај искористен е примерот на АминтаМакедонецот, кому му е прифатено ( од моја страна ) извинувањето но не му е прифатено fu*king златото, јас така не играм и таквите неиграчи кај мене се на ignore.Исто така статијата нема никаква намера да го негира учинокот на нитуедна пара-војска, во случајов МТО, нивниот допринос за нашата еДржава кленот високо го почитува.

ПС:Извини за погрдниот збор што ти го упатив преку ПП