Вистинската вечна Македонска Власт [Buce]

Day 2,611, 02:24 Published in North Macedonia North Macedonia by BucephalusIII

Сакани мои сограѓани и сограѓанки, Ви се обраќам по долго време поминато во тежок притисок од некои личности но и во размислување за да најдам начин како тоа да го споделам со Вас а да не има последици по мојата безбедност како на играва, така и во реалниот живот. Се бива, гледате и слушате што се случува низ Светов...

Па да започнеме..

Секој месец читаме за некакви избори Претседателски..кампањи..ќе направам ова ќе - направам она...ќе летнам таму - ќе слетам ваму..ќе си земам медал - ќе ми дадат impeach.. и.т.н..
Сето тоа е маска само за да ве задржат во играва и да го искористат вашиот глас за да стигнат полесно до целта! Точно де, до медалот и медот..

Е сега мои најубави за да ви покажам колку ве најсакам ќе го злоупотребам мојата "функција" во Министерството "Македонско биро за Истраги" ...како па да не, ќе ви кажам од тоа што ги читам секој ден во една кружна порака која едно време беше позната под името "Академија" која ја ре-активираа Волциве од кога дојдоа на власт и сите овци избегаа. Во таа порака главно членуваат луѓе кои седат пред PC и заглавуваат до 2,3 часот или до рани зори немажени(барем јас така знам), неженети и женети - овие женетиве се на мулти-таскинг (они си знаат зошто, а и јас).

Сега ќе се обидам да ви ги доловам личностите од мој агол кои биле дел од таа историска кружна или групна порака во која поминав доста убави моменти, некогаш лоши (кога ја губевме моќта над троседиве), а имаше и здодевни - кога членуваше Ace Zuti(го продаде акаунтот не го барајте) во неа. Па да започнеме со него!



Аце Жути - Човек кој имаше преголема желба за да се бави со политика но никогаш немаше желба да стане политичар!


ЛазаросаМКД - Дали е машко или женско не знам оти никогаш не дошол со нас во кафана! Банкар/ка, сметководител/ка, Здравствен работник/мед.сестра, новинар/ка, економски аналитичар, воен аналитичар .. и.т.н. Половина од мемориската картица на ПЦто негово/нејзино е полно со скрин-шотови или докази.


Венди Повер - Вечна докторка во нашата еГинекологија, Таа е срцка, имаТ време за секого а посебно за еБебињата.


Аексил Конг - Тхе Прцачот! Страв и трепет за оние кои го прцнале но и оние што се од другата страна од зидот. Ја користам оваа шанса да му честитам што стана вујко!


Шиме - Македонската жива легенда, за него Плато да стави уште едно FIGHT копче малку ќе биде!


Сајрус, БлацкМК и ГудБиер - БлацкМК не го подцртувам оти е црнец. Овие тројца во пакет одат оти заедно се возат во Панзер тенкот. Сеуште должат пари од Апулија.


Алис Вондер - Со цел еСвет се расправа но само не со Унгарците па и Бугарите. Тешко на оној кој ќе и стапне на жуљ!


Волците (Волк 1975, Гламче, Велацо и Алекс Скопје) - Искрено, имав доста негативна слика за нив, но се испраа во претходниов кус период...секоја им чест!.. посебно на оној што е роден 75та.


Аминта Македонецот - Темплар во срцето, кој им натепа комплекси на DSW. Воедно и маички шие на рака за Темпларите веќе две години (до ракавите е стигнат).


Ел Че Г - Човек за кого важи една поговорка "Кој рано рани 2 БХ медали ќари". По ѓаволите..колега ми е од здравствово па неможам да се опуштам и да се шалам на негова сметка!


Иван Ванчо Македонски - Чесен медар, своевремено еден од главните матици со златни крилца. Идеологист со ведар дух и полн со елан само додека игра баскет од моја екипа! Топ си кисче!


Фантом, Акцонел, ХастлерТВ и Северус Снејп- Новите жртви на психичка тортура. Кутрите сеуште не знаат во што се впуштаат.. ама касно е хуа хуа хуа. Едниот од нив е Латас, не ви кажувам кој е!


Мане Комита - Дел од имево мора да признаам во срце ме погодува.. а Мане како Мане е без мане само што сеуште не научи против кого да се впушти во трка по БХ медал. Без влакна на јазикот, со уклучен капс-лоцк.


Столе Лазаров - Тивок човек во поракава, но, истото за него не го мислат троседите и останатите одметници кои го среќаваат во битка!


Ред Торнадо - Бесно торнадо кое косеше се пред себе се до оној момент кога дувна по грешка една куќа па сопствениците односно академците се побунија и беше предвремено пензиониран...за жал!


Феликс - Патриотот со Македонска душа и Чешко срце. Безпрекорен опозиционер, особено кога е под дејство на алкохол.

И последниот во ова издание е...

Та ДаааааааааМ.....


***ВОДОВОДЏИЈАТА*** - Главен претендент или кандидат кој ја поднесе својата апликација за членство во нашата Македонска академија по неговиот успех во ритуалот кој го направи еден од нас, односно Македонец како дедо му што беше на времето!

Епа најубави мои тоа е се за сега, оној кој го пропуштив длабоко му се извинувам и ќе го споменам во наредното издание.
Она Вам што ви преостанува е да се претплатите за да не пропуштите да ви го фрлат весникот пред прагот или пак набутаат во вашето сандаче!

Сакајте ја Македонија и дружете се - дружбата и пријателството меѓу нас е клучот на успехот во играва како и на задниците од троседите!






Вашето коњче,
Буце