Легендарни цитати од македонските филмови: „Бекни бе, ќе ми снема лента“

Day 4,341, 10:26 Published in North Macedonia Croatia by MACEDONIAN MARSHAL

Македонската кинематографија е особено интересна поради необичната симбиоза на комичното и трагичното. Потковани со добри сценарија и одлична актерска екипа, дел од македонските филмови се маестрални.

Цитатите кои се провлекуваат низ нив засекогаш ни остануваат врежани во умот, па неретко ги употребуваме во ситуации кога сметаме дека соодветно одговараат.

Кој е вашиот омилен цитат од македонски филм?

„Пукај бе братучед, пукај“ – Пред дождот

„Сите ќе умрете, некои после, некои сега, никој не живее вечно... Знам, сега ми кажа директорот“ – Викенд на мртовци

„Како ќе живееш ти без мене?“ – Сенки

„Бекни бе, ќе ми снема лента“ – Тетовирање



„Е*ати животот ако не си спремен да умреш за него“ – До балчак

„Еее, лепото византиска непролазна“ – Самоуништување

„Луѓето се како кондури - одат во пар“ – Трето полувреме

„Извини Пиги, морално беше“ – Среќна Нова ‘49та

„Ќе врне. Касаат мувите“ – Пред дождот

„Не сакам да бидам пеперутка со подгорени крилја“ – Исправи се Делфина

„Ај да ми бидеш живо и здраво детуле. Да пораснеш големо. На лице бело и црвено како тетовско јаболко, на снага – вита ела пиринска. Грло бисер да ти рони. Гласот да ти биде како на славејче…“ – Мис Стон

„Смртта има смисол само ако заплаче некој по покојникот“ – Збогум на 20-тиот век

„Види го животиња, седи тука и гледа некои емисии со животиње, а надвор патриотите гинат“ – Бал-кан-кан


MESECKO