[Претседателско Обраќање]Време е за војна!

Day 4,171, 13:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Музичка подлога
https://www.youtube.com/watch?v=UMxP5Fbl6MM


Добро вечер Македонци,

Како што најавив пред некој ден, утре(вторник) 23 април, нешто после промена на денот започнуваме војна со Хрватска.

Ова е моментот кој што долго го чекавме, затоа сабајле по извршување на утринските хигиенски обврски и тазе внесената четвртина бурек со сирење(или месо) и јогурт, повелете на забавата.

Имајте на ум дека пред се ова е игра, сето ова е за забава, меѓутоа целта секако е победа!

Сабајле ќе се делат и државни тенкови кои што беа набавени. Вкупно се останати 19 000 тенкови, за кои беа потрошени 1 690 000 денари.

Правилата за да добиете тенкови се следниве:
-Помал ранк од Легенда 10;
-Повеќе од 150 000 сила;
-Максимум 500тенкови по играч(доколку е критична може и повеќе);
-Секој добива по 1 тенк од чоколадо.

Поделбата ќе се врши преку порака кај мене, или на телеграм каналот на еМакедонија
*Во порака пратете колку ебс имате и колку тенкови ви се потребни.




Статијава ја објавувам касно, поради тоа што механиките на играта дозволуваат премногу размени на територии за краток рок.
Во моментов започна светска војна, ќе има војни насекаде, па така следете ги наредбите и пукајте каде што ќе биде побарано.

Ве очекувам утре сите на бојното поле!







Со почит,
Претседател на еМакедонија
goLdeNNN II