Зошто не пишуваме статии ?

Day 2,940, 18:52 Published in North Macedonia North Macedonia by Todor Aleksandrov Stariot




Зошто не пишуваме тоа е прашањето кое си го поставувам откога се зачленив во оваа прекрасна игра.

По моите први избори на оваа игра видов дека има 400 граѓани кои одвојуваат дел од својот живот на оваа Емакедонија со само едно минутно кликање, но дали е тоа целта која сакаме да ја постигнеме со оваа игра?

Се разбира дека не! овде ние имаме можност да изградиме едно општество по кое на некој начин тежнееме во вистинскиот живот, дали тоа да сме војници, новинари, бизнисмени или политичари, оваа игра ни овозможува да бидеме дел од едно општество.

Да се навраќам на зборот зошто? зошто јас не знам ништо за оваа општесво кога нема една статија која може да ми каже што се случува во оваа Емакедонија?

Дали сте забележале дека 70% од активните играчи не знаат зошто сме во индија и зошто никој не не напаѓа ?

Оваа игра е сведена на патриотски кликаши кои ништо не ги интересира освен нивното злато кое им го продаваат на нови духови кои се губат во оваа игра.



Погледнете во нашите статии кои треба да се најголемиот помошник на нови играчи и дел од целокупното општество ние имаме статии за 25 коментари и статии од министерството за одбрана за кој да се пука иако никој не знае зошто е тоа така!

Зошто до сега не сум видел некој од врвните играчи да напише статија за состојбата во Емакедонија?

Јас не сакам опшество на профитери плачковци и спамери кои само им останало да маваат на секоја битка која ќе ја видат со своите очи и да не вовлекуваат во војни кои општеството не ги сака.

Затоа замолувам за поголема активност на статиите да станеме сите едно со Емакедонија.

Да знееме што се случува во Емакедонија дали тоа било: Првите чекори, битки, политика, економија која треба за цело општесво а не само како им одговара на хегемоните.

До сите нови или стари играчи само со активизам ќе биде нешто од Емакедонија пишувајте и дружете се како да почнеме еве вака:

Целта на секој новинар е да биде прочитан, да ги заинтересирате вашите читатели.

Пишувајте за Емакедонија.

Вашиот текст треба да биде привлечен, провокативен или хумуристичен.

Користете едноставни и конкретни зборови кои можат да бидат разбрани од читателите.

Сликата некогаш може да ја направи попривлечна статијата ако со тоа алудирате на дел од текстот.

Министрите на пример за екомоја секогаш покаживајте ги бројките со слики за да се разбере полесно.



Акцентирајте или задебелето го писмото на некој збор кој треба да биде ударен.

Толку од мојот рант драги Емакедонци пишивајте да не изумреме прости и некој друг да одлучува за нашите денови.






Гласајте и ширете можеби некој ќе се освести дека треба да биде активен и да се разбуди од зимски сон.

Оставете коментар за мисија
и тука http://www.erepublik.com/en/article/-25-21-2569949/1/20
и тука http://www.erepublik.com/en/article/-25-31-2569973/1/20