Последната Статија

Day 2,387, 02:55 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Статијата не е пишувана по редослед на годините и случувањата.
Ќе почнам од мојата најголема грешка, а таа е што се вратив на играва иако бев dead citizen, на крајот од Октомври 2012 се вратив од причина што видов некоја промоција по меил, но и ми се јави радозналост да видам што се случува на играта за кратко нo останав подолг период успеав да објавам 28 статии вклучувајки ги и интервјуата и покрај тоа што со слободно време слабо стојам.
Повеќето ме знаат по интервјуата но и по статии од општ карактер, за Што Има Ново ми беше идеата од реалноста да објавувам забавни статии кои за жал постојано ми беа бришени, потоа објавував статии за историјата па ми беа бришени од бугарите, кружеше моабет дека ако имаш 5 казнени поени ќе бидеш баниран, а јас тогаш имав 7.
Со Струмјанин бев во добри односи и го направивме првото интервју(повеќе тука), може да се каже како неговата кариера растнеше така и мојата тој како политичар, а јас како не како новинар туку како интервјуер(така ме нарекуваа повеќето). Имаше многу статии со препукување како и политички и главната цел ми беше да докажам со интервјуата дека тука сме за забава на крајот од денот ова е игра. Интервјуата ги спремав кога бев на факултет помеѓу предавања, а и на предавања кога немаше ништо ново да се слушне, како и во автобус и секогаш имав спремно 3 интервјуа кои ги објавував најчесто секоја сабота.
Беше успех ако си во топ 5 со статијата скоро 90% од мојте статии се наоѓаа во топ 3 без разлика дали беше интервју или статија каде што пишувам за разни нешта како оваа за жал повеќето вакви ги избришав.
Се логирав од причина да видам за каква игра станува збор по што ја баталив, но по неколку дена на утринска емисија на тв гостуваа игрчи кој рекоа дека е битно што поголема активност за да ја победиме грција и од тогаш започнав активно да играм првата недела пишував потсетници за да се логирам тогаш имаше повеќе видови на борби нај интересна ми беше камикази.
За името многу ме прашуваат дабидам искрен го избрав од инспирацијата на утринската програма но и е стремеж на секој Македонец, а тоа е Македонија да биде обединета со сите нејзини делови барем на игра и тоа и ни успеваше.
Имаше интересни моменти и дружби, нај интересен ми е кога ја освоивме италија, но доколку гледаме реално на оваа игра доминираат играчи од 2 и 3 земји од светот како и тоа дека е популарна само во одредени држави, што би било доколклу кинезите започнат да ја играат масовно 🙂 Дружбите по разни единици тука би ја издвоил KostaplerS, беше интересно да се биде дел од претседателскиот тим на Red Tornado како и приватните дружби.

Веќе нема да пишувам сатии а со тоа наредниот период ќе се отакжам затоа што од нова година навака немам мотив иако можам да одвојам 5 минути во ден или два, но исто така мислам дека и менаџерите на играва немаат мотив туку е од ден за ден.
Ќе останам тука да пробам уште нешто индивидуално, ништо тактички или што ти ја знам ова го кажувам ради поединци кои се склони кон завери и разни приказни 🙂

еГорд сум на тоа што никогаш немав мулти не се стремев кон тоа да бидам популарен пошто тоа за мене е голема глупост, не ми представуваа задоволство ниту претплатите затоа што јас интервјуата ги правев за забава можда би имал повеќе претплати но не е битно до 2011 неможеше да се види колку има претплати сопственикот на весникот 🙂

Мислам дека на сите нас ќе ни остане во меморија играва до 2012 како сме се собрале на едно место и сме се дружле и сме покориле многу земји, нешто што ќе нема да се повтори или пак е потребен подолг период да се повтори. Но датумот ќе биде друг барем генерацијата што беше многу тешко ќе се собере на едно место повторно. А од 2012 до денес е голема разликата.
Играва ја гледав како игра и ништо повеќе како и за се така и за ова, беше убаво додека траеше.

Не дозволувајте разни хохштаплери да раководат со вас како и со еМакедонија и да се продавате за мали работи. Прашање е дали сакате да се ослободи еМакедонија или ќе бидете пасивни само заради некоја мала добивка и притоа ќе подржавате концепти кои само ја уништуваат еДржавата ?
Мислам дека има многу квалитетни играчи кои се заспани и на играва и се активни од навика, затоа разбудете ги !

Поголем дел од голдот ќе му доделам на Persej Makedonski кој ми и помагаше постојано одкако се вратив и тоа доброволно,пошто цел голд го потрошив пред да си заминам. Тука е и El Che G не верувам дека му треба исто ткака би сакал да ги спомнам tomibair, Mehandzijski, Blazeska, Voix of Macedonia по ново Resurrected,volk 1975, Tasha.MKD, efiljo II, Red Tornado, Alphonso Gabriel,TheTrooper69, AntitalenaT, StoPankin,Hoban Washburne,FA.97,ApocalipseMNA,Gabriela Jakimovska,Pance24,Gaol4e,Aminta Makedonecot,YoYo.M,Wendy Power како и многу други што се тука премногу е напорно да ве барам и затоа простете ми како и тие што си заминале,
Благодарам на дружбата и на убавите моменти.
Поздрав и Уживајте !



Сите интервјуа и статии можете да ги погледнете тука.



Последната Статија
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2405157/1/20