Слеп патник

Day 2,383, 03:26 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia
Со болд се битните нешта, доколку не ви се чита.

Борбата продолжува, поробениот за слобода, а слободниот за совршенство !

Ова изрека комплатно се поклопува со мојте сваќања и гледишта кон животот, но ја одбрав затоа што е Македонска патриотска и ја има кажано една личност која служи како инаспирација на повеќето Македонци.
И денес таа ќе ја разработам затоа што е наша а и со неа побрзо ќе стигнам до поентата која сакам да ви ја кажам.
Борбата продолжува, поробениот за слобода – веднаш асоцира на на калсично ропство како што знаете има повеќе видови на ропства ние се сеќаваме на турското ропство, но исто така има и воени заробеници, денес нај популарно е а и се случува на многу нашинци кои одат да работат во странство се заробени со тоа што им се одземени пасошите и мораат присилно да работат за без пари како што имаше случај пред некој ден, исто така има и воени заробеници итн..

До овдека пишував за физичко ропство, е сега ќе пишувам за друго ропство и не навлегувам во политички цели филозофии на објаснување.

Значи горе споменатото ропство е присилно, но ова ропство е доброволно постојат повеќе видиви, кои за жал го носат превезот на убавината:
-Членување во организации кои се представени како добротворни, а каде и да се појавиле посеале смрт и има многу случаи каде што и обединети нации им дале подршка. Еве еден пример во поново време војните во африка каде што имаше многу жртви таму се отворија многу кампови кои им помагаа на тамошното население, но за жал беше злоупотребено на нив се вршеа експерименти со разни вакцини и лекови и така да може да се каже колку жртви нанесоа тамошните војни уште толку направија добротворните организации. Таму многу доктори и мед. сестри членуваа и од овие простори кои биле изманипулирани и искористени во нивната верба и желба дека сакаат да помогнат.
-Членување во разни тајни друштва кои донеле и носат само зло, но повеќето кои членуваат не се свесни за тоа.
-Исто така има ропство на разни идеологии тука совршен пример се бомбашите самоубици. Се убиваат и убиваат за нечија идеолигија.
-Едно од најопасните ропства е ропство на навики кои потоа создаваат зависници од алхохол, дрога, коцкање и др.
-Создавање на страв кај луѓето од војни, кризи, глад итн... со самото тоа луѓето се робови на стравот.
-Според мене најкритично е ропството од наметнатата слика за самиот себе или како се гледаш ти и што мислиш за себе. Доколку си наметнеш слика дека си најдобар, најмоќен, безгрешен и се нај нај. Тоа доведува до барање признанија од луѓето околу тебе кое би ги задоволило твоите мислења најчето тоа се: примање на комплименти од типот браво најбољи си царе, да те пофали некој пред другите. И доколку не се добиваат тие комплименти и признанија во реалноста, таа личност почнува да ги одбегнива луѓето и се изолира од околината и реалноста и започнува виртуелен живот на социјалните мрежи на форуми и игри(еРепаблик е совршено место.И се трудат да се предтават во совршено светло. За тие личности да го кажеш своето мислење за нив го сметаат за нареда и како некој спрема заговор.
-Друго критично нешто е тоа што се прифаќа нечие мислење од личност која е популарна или од медиум. На пример ако кажат дека е црно и се прифаќа како такво, ако е бело бело е.
Индивидуата не испитува и не истражува нај екстремен случај е кога му е прикажан предмет и тој е бел, но доколку му речат или прочита дека е црн тој тоа го прифаќа без разлика дека е бела боја. Ова е случај и кај нас во реалноста за жал.
Слеп патник е кога некој друг го води и уште полошо друг размислува за него. Тој ги прифаќа работите такви како што се. Но исто така има голем број кој се инпресионирани од такви организации и идеи и без испитување се впуштаат во такви нешта а некои пак сакаат да креираат и да бидат главни примамуваат други.

Слободниот се стреми кон совршенство, кога поробените се освестуваат стануваат слободни, ги испитуваат работите кои ги добиваат како и информациите. Да бидам краток тие се спротивно од горе споменатите примери.
Битно е да се знае дека од ден во ден напредуваат бидејќи не робуваат на ништо и на никој и ги гледаат работите во вистинска слика. Му се отвараат нови гледишта кон животот а со самото тоа се стреми кон совршенство.

Во кратки црти тоа е тоа иако можам да пишувам до утре.

Мојата цел за која се залагам е сите ние да бидеме слободни и да не ги прифаќаме работите од веднаш без притоа да не ги испитаме и доброволно да робуваме.
Човекот е роден како слободен, и не треба да биде роб на ништо ниту пак на некој треба да живееме совршен и слободен живот !

Вчера вечер објавив статија во врска со тајните друштва(се доаѓа до оваа суштина само оваа статија ја напишав по опширно и во друг стил а и да објаснам некои работи од моја гледна точка што и немора да се согласите) која ја напишав за половина час и потоа беше објавена петнаесет минути и решив да ја отстранам од причина што ми текана дека ќе траба да се расправам и да докажувам работи кој неможе секој да ги прифати а и од друга страна се радувам за тоа, и ја отстранив затоа што ќе трабаше да реплицирам на многу коментари и сето тоа време кое што ќе го потрошам тука во расправии, можам да го потрошам во релноста што е и многу по продуктивно одколку тука во карање(не на српски) а за моменталната состојба тука моето мислење е:

Тоа што го мисли играчот, ти го кажува неговото мулти !

Донесов брза проценка по што одлучив да ја отстранам статијата и притоа да не се замарам си реков што ќе ми е сево ова.
Нјадобро беше да кажам дека сум добил казнен поен одколку да речам ја избришав пошто ќе се кренеше непотребна галама од неколку играчи.
Генарално направив лош потег што ја објавив статијата тоа е и единствен од Oct 17, 2010 , бидејќи имав/м искрена желба младите играчи под 19 години да не се залажуваат и да не се интересираат за разни глупости ниту пак да се стремат кон тоа во иднина да станат дел од некое тајно друштво или организација затоа што можат и без нив да успеат во животот и да бидат некој и нешто. Секогаш се борам против вакви работи.
Воедно должам извинување до SaveAss од причина што упатив навреди и грди зборови моја грешка е што не му пишав по порака иако постојано пишував по коментари во неговите статии.
Немам ништо против него(ниту пак против било кој) не ми се допаѓа неговото изразување и презентирање на идеи како и наметнувањата, можеби нема лоши цели но се изразува на таков начин треба да послужи за пример на малдите за лидерство, а не за затскривање зад другите.

Еве едно прашање киднаперот на детето првин му дава чоколадо, па потоа го киднапира. Прашањето е дали е добар киднаперот заради тоа што му дал чоколада на детето ?

Од друга страна ми беше да интересно да ги читам сите коментари против мене па ќе споделам дел од нив неможам сите за жал сум ограничен со просторот, а од друга страна не ги одбегнувам критиките ниту пак се плашам:

Нај активен беше сантиноо, сигурно нема спиено цела ноќ, од радост па затоа не му замерувајте на коментарите и како се изразува имајте разбирање и сочуство.




Воедно ова беше и мојата претпоследна статија, последната е пишана и требаше денес да ја објавам но ради измена на плановите ќе биде објавена утре и ќе ги добиете сите одговори.

Поздрав, се читаме.



Слеп патник
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2404123/1/20