Да смениме малку

Day 2,108, 09:01 Published in North Macedonia North Macedonia by ajvaRmen

Пријателство

Некој патнички брод за време на бура се превртил близу некој остров, така што единствените двајца преживеани биле двајца најдобри пријатели кои одлучиле дека немаат друг избор освен да му се молат на Бога да ги спаси.
Но, за да одлучат чија молитва е помоќна, одлучиле да го поделат островот на два дела и секој да се моли од својот дел.
Првата работа за која се молеле било храна. Па така, другиот ден на едната страна од островот се појавило дрво со овошки, а на другата ништо.
По една недела, оној кој го добил дрвото со овошки, се молел да има жена, па веќе следниот ден пак заринкал некој брод и единствениот преживеан била некоја жена која дошла право кај него. На другата страна од островот, пак ништо.
Набрзо потоа, истиот човек посакал облека, куќа, повеќе храна, па како за чудо следниот ден ги добил сите овие работи – на другата страна повторно ништо.
На крајот истиот човек посакал брод за да си оди од островот со жената, па следниот ден го чекало брод и тој решил да си отиде и да го остави другар му на островот, бидејќи го сметал за недоволно вреден штом Господ не му исполнил ниту една желба.
Наеднаш слушнал глас од небото: „Зошто го оставаш другар ти сам?“, а човекот одговорил: „Затоа што моите молитви си беа само мои, а на неговите молитви немаше одговор, што значи тој не заслужува ништо“.
Потоа повторно се јавил гласот: „Грешиш, ако јас не одговорев на неговите молитви, ти ќе немаше ништо од сè ова“. Потоа човекот го запрашал: „А, за што се молеше тој, што мора да му бидам толку должен?“.
Гласот одговорил: „Тој се молеше, да ти одговорам на сите молитви“.

Наравоучение: Треба да знаеме, дека нашите благослови, не се само плодови на нашите молитви, туку и на оние кои се молат за нас. Затоа, ценете си ги пријателите и никогаш не ги оставајте зад вас.




Наследство

Си бил некој многу богат човек чие богатство било проценето на неколку милиони. Тој поседувал огромен имот и злато.
Но, иако имал сè и изгледал среќен од надвор, во душата бил многу несреќен. Тој и неговата сопруга немале дете, па се грижел кој ќе ја продолжи семејната лоза кога ќе ги нема нив двајца.
За чудо, после некое време, жена му останала бремена во подоцнежните години и родила момче. Но, повторно немале среќа и детенцето било хендикепирано. Сепак, тие го сакале со сето срце. Кога детенцето направило 5 години, мајка му се разболела и починала. Така, тоа многу се приврзало за татко му. Кога направило 13 години, таткото починал од преголема тага и скршено срце и за детето кое се мачело секојдневно и за сопругата која многу му недостасувала.
Целиот имот бил даден на аукција пред илјадници лакоми понудувачи. Прв предмет кој бил понуден била слика од момчето. Но, никој не сакал да даде понуда. Сите мирно чекале да зграбат од богатството. После неколку минути молк, сиромашната домашна помошничка која помагала во одгледување на детето, понудила 5 долари за сликата и ја добила понудата.
Сите биле во шок кога аукционерот од позадината на сликата извадил рачно напишан тестамент. Во него пишувало:
„Целото мое наследство и го давам на единствената личност која доволно мисли и сака да му помогне на мојот син со тоа што ќе ја купи сликата.“
Аукцијата веднаш завршила. Илјадници алчни господа си отишле засрамени со главите надолу.

Често пати за некои работи мислиме дека се богатство, а не ја цениме вредноста на малите нешта кои се вистинско богатство.


Да смениме малку
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2311653/1/20