Енергија и хранење.[МзО]

Day 1,912, 11:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Здраво Македонци, во оваа статија детално ќе ви објаснам околу вашата енергија, каде и како се троши.


-Енергијата во играта е една од најважните компоненти.

Со енергијата можете да тренирате, работите, се борите, работите во своите компании.

НАДОПОЛНУВАЊЕ ЕНЕРГИЈА

-За да ја наполните вашата енергија потребна ви е храна која можете да ја добиете од вашите компании или да ја купите на пазар.

*Постојат 7 типа на храна (сега за сега) и секој ве надополнува различно.


Q1 = 2 енергија.
Q2 = 4 енергија.
Q3 = 6 енергија.
Q4 = 8 енергија.
Q5 = 10 енергија.
Q6 = 12 енергија.
Q7 = 20 енергија.

За вас како еБебиња најисплатливо е да ги користите само Q1, Q2 и Q3.

-Вашата енергија можете да ја надополните и со чоколади (+100 енергија) и прва помош (+10 енергија).

*Чоколадите можете да ги купите од менито за додатоци на плато каде што цената на 1 чоколадо изнесува 5 голда, но тоа за вас како еБебиња не е исплатливо.
По 1 чоколадо добивате и со секое кревање на вашиот воен чин и завршување на дневната наредба од вашата воена единица.


*Првата помош исто така можете да ја купите од додатоците на плато каде што цената изнесува 0,5 голда за 1 прва помош, но тоа е премногу скап начин на надополнување на вашата енергија (посебно за вас како еБебиња) затоа НИКОГАШ немојте да го користите тој начин на надополнување се додека спаѓате во група на еБебиња.



КАКО ДА НАДОПОЛНИТЕ ЕНЕРГИЈА

-Енергијата ја надополнувате во полето каде што се наоѓаат општите информации за вас.

*Кога копчето „Храни се“ свети плаво тогаш сте во можност да се надополните со лепчиња, со лепчиња можете да надополнувате по +10 енергија на секои 6 минути.


*Доколку копчето „Храни се“ е променето со „Купи храна“ и свети зелено тогаш во вашите магацини немате храна и ќе морате да купите од пазарот за кој ви напоменав дека како еБебиња најдобро би било да купувате само Q1, Q2 и Q3.

*Кога копчето „Храни се“ е променето со „Чоколадо“ и свети во портокалова боја тогаш можете да користите само чоколадо кое ве надополнува по +100 енергија.


Се надевам дека разбравте, доколку нешто не е јасно слободно можете да ме прашете.




Министер за Образование
Mihail0vskii93