Најголеми женски фантазии?! Дали постојат или не?

Day 1,883, 18:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Bokovski

Епа да ви појаснам, кога станува збор за фантазија жените се експерти за тоа, затоа би дал еден добар совет на сите, пробајте да и ги дознаете секси фантазиите и по извесно време применете ги! Ќе ја воодушевите!

Доколку мислите дека жените не размислуваат за различни сексуални ситуации, размислете повторно. Тие се експерти кога станува збор за фантазијата.
Познатиот сајт за мажите AskMen направи листа на најчестите женски фантазии, кога станува збор за сексот.

Кога таа е доминантна.
Жените сакаат силен маж кој ќе преземе иницијатива, но во голем дел од женските фантазии е згодниот, силен маж кој моли да биде ослободен во спалната соба. Целата поента е поврзана со мажот кој е целосно посветен на нејзиното тело, кој ја задоволува онака како што таа сака.
Кога тој е доминантен.
Модерните жени посакуваат маж кој не се плаши да ужива во тестостеронот. Жените фантазираат да бидат потчинети, да бидат поседувани и да го прават она што го задоволува нивниот партнер.
Професор/ученичка.
Многу од жените ја обожаваат идејата да се облечат како ученичка, парадирајќи околу нивниот партнер за негово задоволство. Многу од нив би отишле и подалеку, се додека мажите не ги земат на своето колено, давајќи им го она што го заслужуваат. Точно е, многу од жените фантазираат за ова. Тоа е така поради две причини : Ја покажува доминантноста на мажот и води до жежок секс.
Секс со непознат маж.
Многу од жените не би имале храброст да се справат со оваа ситуација, но мора да знаете дека таа спаѓа во најголемите женски фантазии. Сексот за една вечер, без обврски е нешто што повеќето жени би сакале да го доживеат, посебно поради фактот што голем дел од нив не знаат како да го изведат, поради лошото чувство што доаѓа изутрина.
Женското либидо буквално се запалува кога таа ќе помисли на секс со згоден, непознат странец кој и пристапува во темна уличка. Но, според многу истражувања ова е една од најневозможните фантазии за жените.
Тројка со друга жена.
И ова е една од најчестите женски фантазии. Но, мажите мораат да знаат дека ваквата фантазија не вклучува допири и никаква акција меѓу нивниот партнер и другата жена. Во ваквото сценарио, мажот најчесто набљудува додека неговата партнерка се подготви за сексот со него, играјќи си со другата жена.
Тројка со двајца мажи.
Оваа фантазија ја вклучува жената која е задоволена од двајца мажи. Двајцата мажи во нејзината фантазија се хетеросексуалци кои се заинтересирани само за нејзиното задоволство. Ова е една од фантазиите која претставува табу за многу жени, но затоа е една од најчестите замисли, кога жената оди најдлабоко во своите валкани мисли.
Воајеризам.
Доколку мислите дека жените не сакаат да гледаат сексуален однос на други луѓе, веројатно грешите. Жените сакаат да го гледаат тоа од истите причини како и мажите : Затоа што е еротски, ги возбудува, и табу е.
Принуден секс.
Многу од психолозите веруваат дека една од најголемите женски фантазии е валкан, див секс без вината која следи потоа. Ваквата фантазија вклучува згоден маж кој точно знае што сака од неа. Таа би се противела, но секако би уживала во дивиот секс со него.
Стриптиз
Жените ја сакаат идејата да ги „запалат “ мажите со стриптиз, привлечен танц кој завршува во машкиот скут. Кога жените би забележале дека мажот ужива тоа би значело дека е атрактивна, а кога таа би ја видела неговата ерекција, би знаела дека е посакувана. Совршена комбинација.

Би можело на секому да му користи!