Секс после расправија - Да или Не ?!

Day 1,883, 18:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Bokovski

Познато е дека сексот е најлесниот начин да се ослободите од стресот, па затоа нека не ве чуди фактот дека многу парови по расправиите практикуваат да имаат секс.
Кога ќе се распрвате со некого, нивото на тестостерон во вашето тело нагло се покачува. Овој хормон е одговорен и за сексуалната желба и либидото, што значи дека е сосема природно по расправија да имате желба за секс и да се ослободите од вишокот тестостерон.
За време на сексот, паровите не размислуваат кој бил во право, туку се фокусираат само на уживањето. Тогаш се ослободува хормон кој создава чувство на еуфорија, така во текот на сексот се ослободувата и од негативните емоции.
Затоа, сексот по расправија ја подобрува и поврзаноста помеѓу партнерите, а чувството на лутина кој бил присутен само неколку минути порано- исчезнува.


Очекувам одговори!!