Кои се Фантоми + Регрутација

Day 1,875, 14:09 Published in North Macedonia North Macedonia by KireDimoski
MACEDONIAN PHANTOMS
Уште при формирањето на Фантоми, суштинската разлика беше во пристапот кон
начинот на кој соработуваат нејзините членови.

Одејќи по каузата јак поединец, јака група фокусот го ставивме најпрво на создавање на доверба помеѓу членовите, заеднички проекти на инвесирање и соработка, а со тоа и побрзо јакнење.

Започнавме како 4-ца пријатели со цел заедно да дојдеме до подобар просперитет, сега после 1 година можеме да се пофалиме со ефективна агенда и 3-ца регрути кои покажаа добри резултати и ќе се вклучат во тимот за инвестиции.

Новиот тим ќе има 5 активни играчи кои понатака ќе работат на заеднички проекти и еднакво ќе ги делат бенефитите.



За да не изгледа збунувачки ќе пробам да објаснам накратко како функционираат фантоми.

Многу едноставно е дека малите инвестииции се подостапни отколку големите, така што поверојатно е дека многумина ќе се одлучат за мала инвестиција отколку за некоја голема инвестиција за која е потребно повеќе време. Ефектот е следен, сите инвестираат во помалите инвестиции и со тоа истите губат на вредност (пример RAW паѓа, тенковите сеуште имаат малтене ист профит). За таа цел ние одлучивме да се групираме за да може нашите мали инвестиции заеднички да значат реализација на голема инвеситција и на тој начин да обезбедиме постабилен прилив за сите поединечно.

Нормално допонително на ова имаме повеќе луѓе кои менаџираат со сите пропратни работи што практично наликува на корпоративен начин на менаџирање, наместо дуќанџискиот принцип кој го применуваат другите единици.

Бенефитите се секогаш поголеми него оние како на поединец и секако поголеми бенефити значат поголема финансика моќ за сите учесници во процесот, наместо на поединец.



За таа цел решивме да направиме нова регрутација, на 3-5 нови члена кои ќе бидат дел од оваа програма, па здравје ако се погодат коцките, друштвото и се „скопча“ начинот на кој се функционира ќе имаме супер просперитет.

Како регрути ќе имате доволно средства и совети кои ако ги следите ќе станете доволно способни да започнете брзо да инвестирате во заедничките проекти.

Линк од единицата: http://tiny.cc/uaakqw

Линк од официјален чет канал: http://tinyurl.com/mkd-phantom

Линк за контакт: http://tiny.cc/2cakqw

Со почит,

Единица Фантоми