Кој последен се смее ... тешко сфаќа

Day 1,778, 00:50 Published in North Macedonia North Macedonia by ajvaRmen

Текаро Сузуки од Јапонија

Прв училишен ден во едно американско училиште. Учителката го претставува новиот ученик Текаро Сузуки од Јапонија. Почнува часот и учителката испрашува: Сега ќе видиме колку ја познавате американската историја.

Кој рекол ‘Слобода или смрт’?”

Одеднаш настапува тишина и само Сузуки ја дига раката: “Патрик Хенри во 1775 година во Филаделфија.”

“Многу добро Сузуки. А кој рекол ‘Државата е народот и како таква не смее никогаш да умре’.”

Сузуки станува: “Абрахам Линколн, 1863 година, во Вашингтон”.

Наставничката строго ги погледнува учениците и им вели: “Засрамете се. Сузуки е Јапонец, а ја познава американската историја подобро од вас.”

Тивок глас од крајот на училницата: “Еб*те се, посрани Јапонци.”
“Кој го рече тоа?” – вика учителката.

Сузуки дига рака и вели: “Генерал МекАртур, 1942 година во Гвадалканал, и Ли Ајакока во 1982 на собранието на акционери на Крајслер, Детроит.”

Одделението е во тишина, само во позадина се слуша “Пуши Ку*!”
Сузуки: “Бил Клинтон, на Моника Левински, Овален кабинет, 1997 година во Вашингтон.”

Друг ученик се дере: “Сузуки е срање!”

Сузуки: “Валентино Роси во Рио де Жанеиро на бразилското мото Гранд-при, 2002 година.”

Одделението паѓа во хистерија, учителката паѓа во несвест, а влегува во училницата директорот на училиштето: “У пизду матер, досега не сум видел ваков хаос.”

Сузуки: “Премиерот на Грција, на Министерот за финансии, при претставувањето на државниот буџет, Атина, 2012 година.”


- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -


Еден обичен ден во Грција

Богат германски турист вози низ едно грчкo село, застанува пред локален хотел, остава 100 евра на рецепција и му кажува на газдата дека сака прво да ги разгледа собите и сам да одбере во која ќе преноќи. Газдата му дава клучеви и веднаш штом Германецот почнал да се качува по скалите, овој ги зграпчува стоте евра и трча до комшијата касап за да му го врати долгот.

Касапот ги зема парите и веднаш оди кај фармерот за да му ги врати парите што му ги должи. Овој ја прибира банкнотата и тргнува право кај својот добавувач, за да му плати за храната и горивото.

Добавувачот не чека ни секунда, вози во локалната таверна за да си го расчисти рабушот. Сопственикот на таверната ги зема 100-те евра и веднаш ѝ ги пика во деколте на една локална проститутка која пиела на шанк, а која претходно му понудила услуга на рецка.
Проститутката станува и трча во хотелот за да си ја плати собата, давајќи му ги парите на Гркот кој прв ги доби стоте евра. Овој во секунда ги враќа парите на рецепција за да не се посомнева туристот.

Во тој момент Германецот се симнува по скали, си ги зема парите, се жали дека не е задоволен од понуденото и го напушта селото.

И така, никој ништо не произведува и никој ништо не заработува, а сите си ги враќаат долговите.


- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -


Македонец со јапонска моторна пила

Македонец бил на привремена работа во Јапонија. Поработил таму некое врме и во знак на благодарност Јапонците му подариле моторна пила. Му објасниле дека е најнов модел и дека со неа може да исече 40 кубни метри дрва без да почуствува замор.

Се вратил човекот во Македонија и по некое време отишол во шумата да ја проба моторната пила. Цел ден сечел, успеал да исече 20 кубни метри и си отишол дома уморен. Следниот ден станал порано, порано отишол во шумата и цел ден сечел баз да одмори. Успеал да исече само 22 кубни метри, а си заминал дома преморен. Налутено им се јавил на Јапонците и им објаснил дека се нивната моторна пила не може да исече повеќе од 20 кубни метри дрва на ден.
Јапонците се загрижиле и испратиле комисија да провери во што е проблемот. Отишле со македонецот во шумата и тој почнал да сече дрва. По малку јапонците започнале да зборуваат меѓу себе:
- Леле, овој ако се сети да ја вклучи пилата, целата гора ќе ја исече за еден ден.



😃 😃 😃 😃 😃 😃 😃 😃

Кој последен се смее ... тешко сфаќа
www.erepublik.com/en/article/-1-2131223/1/20