Два пати размислете пред да реагирате

Day 1,771, 13:19 Published in North Macedonia North Macedonia by ajvaRmen

Последниве денови се објавуваат само стати во кои се фалиме што им направивме на американците. Поради недостаток на интересни статии решив да споделам една таква со вас:

Човек стар 70 години кој целиот живот се занимавал со сточарство, поточно овчарство, добил пензија од државата како подарок, доволна за да преживува.


Една новинарка на доделувањето го замолила да и раскаже еден дел од својот живот, кој нема никогаш да го заборави и кој ќе му остане засекогаш во сеќавање.

Старецот ја започнал приказната: „Имав 20 години и наидов на куче во шумата. Го земав со себе и си го присвоив. Поминуваа месеци, а комшиите почнаа да ми зборуваат дека сè повеќе личи на волк и дека треба да се ослободам од неа. Бев млад и не сакав никого да слушам, таа ми беше многу приврзана, каде и да одев, одеше со мене и ме чекаше. И така поминуваа годините...

Еден ден прилегнав да се одморам, кога низ сон слушнав некаква бука, ржење и викање. Додека дојдов на себе и станав, се беше стишило. Излегов надвор и го видов целото стадо овци заклано, а волчицата цела во крв седи и гледа право кон мене, малку од страв малку од бес.

Се стрчав во куќата, ја зедов пушката и ја убив тука на лице место.

Не знаев што да правам со овците па ги викнав комшиите да ги однесат додека месото не се расипало и усмрдело. Како што ги собираа овците, меѓу нив пронајдоа три заклани возрасни волци.

Дури тогаш сфатив што направив...


Статијата е извадена од www.crnobelo.com