Се За Македонија !!!!

Day 1,666, 09:03 Published in North Macedonia North Macedonia by ajvaRmen

Цело време читам глупости и плукања по шаути и коментари, па морав да чкртнам некоја реченица. Точно е дека има луѓе што пукаат за странски држави, точно е дека има луѓе кои ги гледаат само своите интереси. Но сфатете, тоа е реалноста, има секакви луѓе, па не можете некого со сила да натерате да си ја сака државата. Реално гледано оние кои се викаат платеници се над 30 ниво што значи се во трета дивизија, која моментално ни е најјака, и мислам дека секогаш ќе бидеме силни баш во неа, така да и многу од таквите т.н. платеници не ни зависат битките.

Друга работа
Гледам и многу плукање по тенковите наши. Па добро бе луѓе зарем не гледате дека со новиов мод сите добивме шанса да им се оддолжиме и да ги оставиме малку да одморат. Па пресметајте малку, ако успееме да ги организираме подобро првите три дивизии комотно можи во четвртата да губиме и воопшто да не ни е проблем. Доста не носеа на грб. Време е и ние (малечките) да ги засучиме ракавите и да сториме се што можиме за нашата татковина.

Трета работа
Го добивме планот за реорганизација. Проучете го сите, помагајте на бебињата. Верувајте има многу од нив што незнаат како да влезат на чат, а камо ли да се регистрираат на удар.

Сормално е дека ќе претрпиме штета. Се бориме во неколку битки, а во сите пука цел теден, а да не ве чуди и доцефкиве да го имаа проучено модот и пред да се воведи 🙂

Со статијава муабетот ми беше
Не се нервирајте за туѓи желби и грешки. Престанете со плукање по било кој, секој има право на избор. Видете што можете Вие да сторите за подобро утре. Иии то ...




Се За Македонија !!!!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2057944/1/20