[ВАЖНО] ЛЕБАРСКА МАТЕМАТИКА

Day 1,196, 03:52 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


ГИ гледам цените на лебот на пазарот и се чудам...
Се прашувам, дали уште има луѓе кои не знаат дека без дигитрон не се води бизнис (За сите што мислите дека немате, ај побарајте убаво во старт менито)
За да не се мачите, еве ќе ви ја претставам лебарската математика.
Ако еден просечен 9 економските левел работник, произведува да речеме, 90 леба, еве ви ја математиката.

90 леба * 6 житни единици за парче = 540 житни единици
540 житни единици * 0.08 мкд (за една житна единица) = 43,2 денари
90 леба * 0,58 (просечна цена за леб без даноците) = 52,2 денари
Според оваа математика, без да го исплатите работникот, вие сте у ќар 9 денари.
Кога ќе се земе дека просечна плата за работник од 9 левел е околу 20 денари, математикката на крај е дека, од секој работник дневно, вие губите по 11 денари.

Или:
Продаден леб = 52,2 денари
- (минус)
Потрошено жито = 43,2 денари
- (минус)
Плата за работникот = 20 денари
________________________________________________

Сума🙁минус) - 11 денари

Еве ја математиката на лебарите по оваа цена на житото и со овие плати.


Реална цена:
Потрошено жито = 43,2 денари
+ (плус)
Плата за работникот = 20 денари
_________________________________

Вкупни трошоци за производство на 90 леба = 63,2 денари



Цена на еден леб без профит

Вкупни трошоци за производство = 63,2 денари
/ (делено)
Произведени лебови = 90
___________________________________________

Цена на леб без профит = 0,7 (плус даноци) или продажна цена 0,74 денари за леб



Значи почитувани лебари, ако мислите и натаму да ги работите фирмите за ќарот на житарите, тогаш вие сте сите за лечење. Нека излезе некој сега од оние паметните и нека ми каже, со која математика го работи ова?
Ако мислите дека е ок да имате фирма и сам да работите во неа, тогаш ок, во спротивно....

Значи решението е да се покаќи цената на лебот на најмалку 0,7 за да можат лебарите (бар оние кои сакаат да го работат бизнисот) да опстанат.
Вака, една фирма со 10 работници, дневно губи по 100 денари, под услов работниците да работат со 100 сила. А да не збориме за камикази и такви глупости...
Ова ќе доведе до крах на лебниот пазар и на него секој ќе си работи сам во својата фирма.
Јас под овие услови немам математика да вработувам луѓе... па..

Ги молам лебарите да ја гласаат мојата статија за да може сите да се информираат, да се види, каква е математиката, да видат сите оние кои немаат време за дигитрон.. колку одат во загуба.

Поздрав
sarmetina