МНР: Избрани новите амбасадори

Day 1,188, 13:48 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Иако може да се каже касниме доста време во врска со амбасадорите, сепак конечно ни испадна поголемо време да ги прегледаме и избереме истите. Бевме доста зафатени со преговарања/разговарања со државите за идните алијанси, па затоа и не ни остана многу време да посветиме на оваа работа која е многу важна. Сепак ..

Избрани се дел од играчите што се пријавија да бидат амбасадори на Република Македонија во некои држави, имаше голем дел нејасни пораки каде што играчите воопшто не навеле ни земја каде што сакаат да бидат амбасадори и слично. Затоа ве замолуваме доколку сакате во некоја земја каде што нема избрано амбасадор, напишете го по пат на приватна порака ќе разгледаме. Истото важи и за оние што аплицирале за некоја држава а сепак избран е друг.

Избраните амбасадори се следниве ..

Србија - Raziel_Blaze
Египет - kral4eto
Франција - Xanidrar
Романија - DumVitaEstSpesEst
Хрватска - croMM
Босна - Kirjana
Црна Гора - Filip01 Macedonian
Грција - MacedonianKnight
Украина - mkTifo94
Полска - Gunnermkd
Австралија - krismk
Колумбија - AsT89
Бугарија - Mijalchev
Велика Британија - partibreaker
Бразил - Mandragor92
Америка - Plainswalker

За почеток е потребно избраните амбасадори да во што најскоро време достават по пат на приватна порака gmail до Министерство за надворешни работи со цел да им се даде пристап до google docs документ за понатамошни инструкции.
Ќе се потрудиме покрај тоа што ќе им даваме задачи за полесно информирање на министерството и пополека истите колку можеме да ги обучиме.

И како што веќе кажав, сите оние што можеби сме ги заборавиле или пак оние што сакаат да се пријават за некоја држава нека испратат приватна порака.
Исто така ќе биде и дозволено доколку некој од овие сегашни амбасадори сакаат да добијат уште некоја држава каде што ќе делуваат нормално.

А сега да проговориме и околу потпишаните алијанси (MPP) на Македонија ..

Како што знаете државата во моментов нема некои ептен големи суми на злато и мораме да бидеме што повеќе штедливи при што ресурсите ни се лимитирани. Во моментов имаме четири активни алијанси и тоа со Србија, Унгарија, Словенија како и Индонезија при што мислиме дека барем засега се доволно. Значи да се разбереме, ова не значи дека ние не одржуваме пријателски односи со некои други држави сепак водиме политика на правилна распределба на средствата.

Ако дојде до војна и слично, секако дека ќе потпишеме повеќе алијанси. Инаку и да ве информираме дека буквално секој ден се комуницира и се врши дипломатија со некои земји за разгледување на можностите за воен сојуз. Значи неможеме во моментов да откриваме повеќе детали сепак ова е дипломатија, но очекуваме и ние и вие добри вести овие денови.



Министерство за надворешни работи:
United Macedonia & Drashhh_III_Makedonski