Воведен артикл на МНР - Македонија

Day 1,173, 15:46 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Поздрав!

Бидејки веќе е повеќе од очигледна убедливата победата на кандидатот за претседател Струмјанин на овие избори, новиот тим во Министерството за надворешни работи од денеска стартува со активна работа со една единствена цел подобрување на Република Македонија.
За почеток би ве замолил сите коишто сакате да се претплатите на весникот на Министерството за надворешни работи со цел да бидете навремено известени за активностите.

За почеток би сакале да ве информираме за некои од нашите следни активности ..

- Прв и основен пририоритет на ова Министерство ќе биде пронаоѓање и назначување на амбасадори во повеќето земји кои имаат активно население во играва. Но верувајте од овој мандат буквално ќе се средат и подобрат некои работи, од сега амбасадорската функција нема да биде само како назив за некои наши играчи. Значи од истите ќе се бара неделен извештај со некои корисни информации и секако активност во државата каде што се избрани.
Амбасадорите ќе мора да пополнуваат барем еднаш неделно документи со побарани информации за државата каде што се назначени и голема активност на чатовите на државите

Исто така и амбасадорите ќе имаат нивни објави во весникот на Министерството за надворешни работи со преставување на државите (политички, социјално, економски итн) во државата каде што се назначени со цел поголемо знање на обичните играчи за државите.

-.Очекувајте редовно известување за состојбите во еСветот како и интервјуа со познати личности од нашите пријателски и непријателски држави со цел подобро информирање, дознавање на нивните мислења за нашата држава и општо нивно мислење за состојбите.

Бидејки и самите гледате моментално се формираат нови алијанси, пријателства и слично можам да ве уверам дека ќе се потрудиме од ова да извлечеме што подобри работи кои пред се ќе бидат во корист на играчите на Република Македонија и нивна корист пред се.
Како што реков “бурен“ и доста нестабилен период е во врска со формирањето на нови пријателска/непријателства со државите, но ние како нова држава не треба да имаме избрзани одлуки зошто сепак ние сме нова држава и не толку јака воено и економски.

Исто така овие денови ќе се одлучи за иднината на Македонско - Бугарската војна дали е можно некакво потпишување на мир и под кои услови или пак тренинг војна помеѓу државите.

Ова би било се за сега, очекувајте подетални извештаи деновиве ..

Доколку имате повеќе прашања посетете не на:
#eMKD-MOFA / ризон


Министерство за надворешни работи:
United Macedonia & Drashhh_III_Makedonski