Дипломатски извештај за овој месец

Day 1,162, 08:54 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Добар ден Македонијо

Од сабјлето се одлучив да напишам статија но чим почнам не можам да се одлучам за што да пишувам.Нашите надворешни односи овој месец беа конфузни колку што се може затоа ќе идам земја по земја од полесните кон потешките.


Русија:Тука нема нешто многу што да се каже иако имаа МПП со нас не се бореа туку одеа во Бугарија и од таму се тепаа со Хрватски аватари.Но оваа земја најмалце треба да не загрижува дека Русите се познати по нивната комплетна неспособност.Од овој месец МПП со Русија нема да се потпишува.

Франција:Франција никогаш не биле супер сила но никогаш пак и не разочаруваат ова е една од тие средни земји кои можат на некое време да се "јадат" и со суперсилите.Ни помогнаа колку што можеа иако повеќето од вас не ги видоа и поради нивната константност ќе пробаме да одржиме пријателски врски со оваа земја и МПП со нив ќе биде продолжено.

Бразил:Исто средна земја која секогаш се труди да стане суперсила но никако да успее.И со нив ќе биде продолжено МПП`то за овој месец но се надевам дека и ќе продолжиме и следните месеци.

Индонезија:Откога ги изгуби сите колонии низ светот никогаш не се опорави и МПП то со оваа земја е повеќе знак на добра воља и пријателство отколку на заемна помош по мое мислење следниот месец не треба да се обнови.

Британија,Аргентина:За овој месец јас мислев дека треба да постапиме исто како со Германија и дане потпишеме МПП зошто немаме никакви интереси ниту пак си помагаме.Се надевам дака следниот месец нема да обновиме МПП.

Иран:Земја исто така со која се потпиша МПП само заради колониите на Бугарија во Иран и продорот на САД но мислам дека за следниот месец не треба да се потпише поради нивната алчност за Бугарско злато и тоа што нас не не засега комплетно дали САД ќе дојдат на Балканот.

Пакистан:........

Словенија:Исто така многу борбена земја.Мали се али со големо срце.Со нив мислам дека исто така треба да се потпише МПП.

Унгарија:Ни помогнаа колку што можеа дури и од нивните државни резерви за првата битка за Софија интервенираа на нашиот пазар за да ја симнат цената.

Србија;Исто така помогнаа колку што можеа поради финансиски проблеми.

Турција:.....

Алијанси:

ЕДЕН и Феникс повеќе не постојат тоа само тешко заблудените не го сватиле.

Од една страна ги има ПАНАМ:

1.Бразил
2,Аргентина
3.САД
4.Јапан
5.Турција? (не се знае сеуште)

Од другата страна пак се НСП/NWO

1.Унгарија
2.Србија.
3.Полска
4.Шпанија


Исто така тука е и лешот на ЕДЕН:

1.Романија
2.Хрватска
3.Грција

Официјален став:

Неутрални сме

Мое мислење за алијансите:

1.ПАНАМ

Интересна алијанса но со главни членки кои воопшто немаме никакви заеднички интереси.Очекувам Грција исто така да се приклучи поради блиските односи со САД.Исто така и Русија и Кина се меѓу првите за приклучување.

2.NWO

Уште поинтересна алијанса поради тоа што првата,втората и третата по сила земја влегуваат во иста алијанса но мислам дека на подолг рок освен Полска и Шпанија Србија и Унгарија повторно ќе бидат ставени во кафез и нема да има никаков напредок.Ова е еден од нашите подобри избори.

3.Лешовите на ЕДЕН и ФЕНИКС

Овдека има многу интересни земји како Словенија,Франција и Романија.Би ги напишал и Хрватска али нема никогаш да разберам зошто се изживуваа во битките меѓу нас и Бугарија.
Мислам дека сакаа да продолжат да бидат добри кучиња на ЕДЕН али не сваќаат дека ЕДЕН не постои веќе подолго време.

Конечно мислење:Треба навистина да бидеме неутрална земја и да видиме кој ќе понуди највеќе за да се приклучиме.Може сме нови,може сме слаби али сме жилави.Мислам дека во скоро време ќе се појават и поинтересни варијатни од PANAM i NWO но сепак најважната лекција која треба секој МОФА да ја научи е СЕКОЕ ПРИЈАТЕЛСТВО ИМА ЦЕНА овој месец ние ја преплативме се надевам дека во следните ќе биде подобро.

Албанија:Во следните додавања ќе биде додадена и Албанија и тука ако може еднаш да покажете разум и не направите проблеми би било супер.Посебно зошто Албанија и Грција во РЛ не се многу добри соседи и не се сакаат па може да испаднат барем добри партнери против нив.Можеме во најмала рака да се игнорираме.

Знам дека очекувавте нешто многу повеќе али толку и можам да кажам (посебно за моето мислење) без да морам да давам отставка два пати во еден мандат