Администраторите трчаат наоколу како ОБЕЗГЛАВЕНИ КОКОШКИ!

Day 1,127, 04:10 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK


Здраво народе Македонски.

Во текот на овие три месеци игра (и порано додека ја играв играва) многу често ме поздравуваше миленичето на администраторите, КОКОШКАТА БЕЗ ГЛАВА! (знам дека и вие не бевте поштедени)
Денес цели 2 часа не можев да се вклучам во играва, кокошката не ми дозволуваше. Ае успеав да се логирам. Одам да работам... УПС... кокошката. Дооброоо. Одам да видам денешните битки...УПС...замисли си? Одам на country administration и пак УПСИ... и си велам АМАН ОД ПИЛЕШКОВО, аман од администраториве. Само нешто менуваат, додаваат и ја рушат играта. Гледам некои ресурси нема, нема повеќе хелихоптери... свашта. Па ми се смачи постојано да ја гледам кокошката но, сепак не можам а да не се насмеам кога ќе ја видам.

Видете колку е само слатка! 🙂

Од секогаш сум се прашувал зошто нашите ценети администратори одбрале да имаат кокошка за милениче? НО, не било каква кокошка туку ОБЕЗГЛАВЕНА КОКОШКА! Што мутант ќе да е ова? Има ли педигре или е некој загар? 🙂 Сум видел еден куп кокошки и во разни бои но не и ваква обезглавена (добро де, сум видел како висат на конец на тезги на цигани кои продаваат кокошки)

Покрај горепознатата каде кокошчето е со штрафцигер и изиграва некаков си мајстор, можете да ја видете и во две други варијанти:

Кратко објаснување за трите професии на кокошката:

1. Како мајстор (Maintenance Chicken) кокошката се појавува кога администраторите нешто "чепкаат" во играта односно кога поправаат или додаваат нешто. Е што е ново де, у последно време само "oops" читам, ја расипаа играва со новиве правила до максимум. Очигледно штрафцигерот не и е погоден.
2. Доколку налетате на некој непостоечки или застарен линк/страница во играта (nonexistent web page) , ќе ве поздрави паметната и замислена кокошка (професорица). Проблемот е како може кокошкава да мисли без глава??? И што чеша со прстот??? Воздухот?? Мада у право е, животот не е праведен 🙂 и
3. Доколку нешто тргне наопаку (something went wrong) кокошката пак ќе ве поздрави но овој пат на таков начин како да оди спрема вас со цел да ве зграпчи за врат! КАКО ДА Е ЗОМБИ!!! 😒

Денеска, поради многубројните "паѓања на серверот на играта" знаете, како на цртаните ми светна сијалица над главата и си реков дај да видам што е финтава со кокошкава и да напишам артикал, т.е. да се пожалам за честите "упси" на нашите ценети администратори  🙂 но првичната идеја ми се смени кога дознав од каде ја црпат идејата за безглавата кокошка. Напишав "eRepublik chicken" во семоќниот Google и наидов на неколку линкови но повеќето беа стари артикли за неа од американски, унгарски па и грчки весници. Сепак, на помош се најде "енциклопедијата" Wikipedia. која разјасни се. Еве го background-от на целата прича (постарите можеби ја знаат, но ние помладите уште одиме на школо 😉):
Нашите ценети администратори идејата ја презеле од еден вистински случај со обезглавена кокошка. Станува збор за случајот "Mike the headless Chicken"
На речиси шестмесечното кокошче (Април 1945 - Март 1947 во САД) му го "сецнале" главчето бидејки некој бил гладен 🙂 но неговиот гилатор очигледно имал голем диоптер па прошашил смртно да го рани Мајк/и и за чудо невидено Мајк/и останало живо и тоа цели 18 месеци. Си шетало обезглавено по домче и си вртело кругови како пијаница 🙂 и згора на се СТАНАЛО СУПЕР ЅВЕЗДА! Во периодот на најголема слава, Мајк/и бил проценет на $10.000 и му донел на неговиот стопанственик а.к.а гилаторот заработувачка од $4,500 на месец или $48,000 денешни американски долари.
АЛОООООО!!!! Кокошкава вредела колку:
една нова гасоњера во Скопје или некоја од овие машини у пм 🙂





Еве ви начин како да дојдете до лесна заработувачка и светска слава.
Ајде сеа одете до најблискиот пазар да си купите кокошка. Однесете ја дома и обезглавете ја (гледајте да не и фалат пердувите и секако да остане жива). Доколку ви цркне, обидете се повторно 🙂 Нема да сте во загуба бидејки ќе имате јадење за два-три дена од една кокошка ПЉУС ќе ви останат коски за вашето куче 🙂 Знаете ли каква заштеда е ова????


Се надевам дека искубивте и обезглавивте многу гриЦки кокошки во војната со Турција. Можеби наскоро ќе треба да кубиме и кокошки од исток Happy hunting!

И да резимирам што е целава финта со кокошката без глава. Кога и да ви се појави кокошката на вашиот екран, да си знаете дека администраторите трчаат наоколу како обезглавени кокошки 🙂

Еве еден мој предлог до администраторите каква треба да биде кокошката, бар убаво за очи да биде и да не се нерваме толку кога ни ја рушат играта со тие нивните "упси" ... со други зборови, ДА ДЕЛУВА СМИРУВАЧКИ И МОТИВИРАЧКИ.

MY COPYRIGHT!!!!!!! ALL RIGHTS RESERVED!!!!

p.s. и Фениксот е еден вид мутирана (огнена) кокошка која и да ја обезглавиш таа пак ќе си се појави "јово на ново" со глава и ништо од нејзе. Затоа не мачете се да ме обезглавите 🙂 зошто I'LL BE BACK и сте на*бале 🙂

дајте шаут на статијава кој сака, мојот шаут нешо зеза, администраторите пак нешо зафркнаа 😃

Ваш,
PhoenixMK