еМакедонски еПопис

Day 870, 03:36 Published in Turkey Armenia by GokaGrozni

1.Зошто ?
-За да знаеме колку сме и со каква инфраструктура располагаме, да видиме каков потенцијал имаме.
2.Што ке правиме со тој податок ?
-Ке ги запознаме нашите ценети Администратори, односно ке им ја понудиме комплетната слика за еМакедонија, еДржавата која реално треба да се стави на New World-мапата.Воедно и ке ги информираме нашите еПријатели за да поуспешно лобираат во таа насока.
3.Што ке попишуваме ?
-еГраѓани = име на граѓанинот / ниво (Level) / чин (Military rank) / медали (Achievements)
-еОрганизации = име на организацијата
-еВесници = име на весникот / претплатници (Subscribers)
-еКомпании = име на компанијата / со каков бизнис се занимава компанијата
-еПолитички партии = име на партијата / членство (Party members)

Веќе подолго време барам одговори на овие прашања, односно прашањето е дали треба македонските играчи да организираат попис.Јас велам, ДА.

Као резултат на не-додавањето на еМакедонија и развлекувањето на таа проблематика до бессвест приметлива е учмаеност на македонците кои ја играат оваа игра.Како да не фати зимски сон, а пролет е, се се буди.Токму поради таа причина ја покренувам оваа иницијатива, малку да се раздвижиме и да го сработиме пописот.Пред Админите да излеземо со факти, бројки кои во секој случај се за почит, да ги искористиме тие бројки во една турбо кампања и да се надеваме дека конечно и ние ке си добиеме еТатковина.

Денот, Day 1000 of the New World, го прогласувам за денот кога сите наши весници ке го објават резултатот од пописот.До тогаш имаме време за солидна подготовка.Мојот предлог како да го организираме пописов ке го објавам во наредниот артик`л на *GG Blah* а до тогаш добредојдени се сите предлози.

Почететен попис-податок (Total members 212), членови кои се регистрирани на eRepMacedonia

GokaGrozni