Туторијал #1 [МЗО]

Day 2,299, 03:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Поздрав.

Во овој прв туторијал ке дадеме објаснување за почетната страна на еРепублик.



1. Основни информации

1.1 Вашиот аватар.
1.2 Сандачето со пораки.
1.3 Известувања.
1.4 Статистика за неделен предизвик. Подолу имате слика како тоа изгледа:



Тука исто така можете да најдете статистики за тоа кој, кога и колку испукал. Првите тројца добиваат декорации на нивните профили.

1.5 Вашиот ник.
1.6 Вашиот левел и напредокот со следниот.
1.7 Копче за надополнување на енергија.
1.8 Преостанато време за кое ке можете повторно да надополите енергија.
1.9 Вашата сметка составена од голд и пари.



2. ФБ копче за лајк на ереп ФБ страната, ереп денот, датата и ереп времето, како и копчето за пребарување на државјаннин и копчето за одјава.



3. Во делот со точка број 3 можете да забележете повеќе работи како:

3.1 Home page.
3.2 Мои места – каде можете да работите во фирмите, тренирате и слично
3.3 Војни – тука ќе ги најдете сите тековни и активни битки.
3.4 Пазар – покрај основниот пазар за производи тука е и пазарот на труд, монетарниот пазар и пазарот за фирми.
3.5 Заедница – тука можете да најдете повеќе работи како на пр. Инфо за сопствената држава, партијата, воената единица, весникот, форумот, картата на е-светот, сојузите, рангирањата.
3.6 Gold и додатоци – Ова е место кое админите најмногу го сакаат. Преку ова копче можете да купите голд вложувајќи реални пари што не е препорачливо.

Исто така тука е и неделниот предизвик кој админите секој вторник го ресетираат и пуштаат нов предизвик преку кој играчите добиваат награди за нивното учество во борбите.

Исто тука се наоѓаат и промоциите кои ги даваат админите најчесто тоа се промоции за надоградување на фирмите и промоции за купување повеќе голд и поефтини чоколади.



4. Дневните задачи – работејќи и тренирајќи добивате бонус сила и бонус искуствени поени.





5. Воени кампањи – воените кампањи во кои е вклучена одредена држава и се со топ приоритет. Доколку нема поставено воена кампања која може да се постави единствено од претседателот на таа држава ќе ги содржи сите битки во кои е вклучена државата.



6. Најважни вести – Овој дел е доста корисен за комуникација меѓу играчите особено важен за комуникација меѓу владата со играчите. За и вие да се најдете на таа листа од топ 5 статии ќе ви биде потребен весник и статија па доколку собере одреден број на гласови ќе се најде во топ 5.



7. Објави – Во овој дел можете да објавувате и да читате постови од вашите пријатели што дополнително ќе ви ја зголеми комуникацијата.



Напомена:

За сите точки кои се наведени погоре ке има подетална статија со поопширни објаснувања.


Доколку нешто е испуштено ќе ве замолам да ме контактирате за да се надополни испуштеното.



Во следната статија ќе може да прочитате за делот My profile (мој профил) каде ќе биде подетално објаснето за се што содржи профилот: медалите, декорациите, весникот, пријателите, силата и слично.

Министер за Образование

akconel