Второ претседателско обраќање[goLdeNReborn II ]

Day 5,555, 03:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро утро Македонски народе,

Денеска после подолго време ќе збориме на тема Економија.

Направивме договор со Литванија за да им ја рентаме солта, по цена од 400к денари месечно. За овие средства ќе се збори подоцна.

Исто така, направен е договор со Канада да ги преселиме фирмите за оружје кај нив во регион кој има 189% бонуси за оружје. Тој регион е Northwest Territories, Canada. Канада е неутрална земја, со нив не е планирано да имаме тренинг војна, па поради тоа сметаме дека овој регион е безбеден за решавање на проблемот со фирмите за оружје поради тренинг војните. Во исто време, секој кој има потреба од финансиски средства за да ги пресели фирмите за оружје, нека остави слика во коментар колку му треба(максимум 100.000 денари)



Како најефтино да ги преселите фирмите?

Прво кликате на копчето "Select All" како што е прикажано на сликата со број 1, потоа кликате на копчето "Reset", како што е прикажано на сликата со број 2. Со ова, наместо денари, за вадење на фирмите од моменталниот холдинг, ќе користите "Factory Reset Tokens" кои се добиваат со комплетирање на неделниот предизвик.(https://prnt.sc/Dt_s5wzglfTD).

Сметам дека повеќето веќе би требало да имате доволен број на токени за да ги преселите сите фирми.

Доколку немате доволно токени, прво преместете ги поголемите фирми(1 токен = 1 квалитет, т.е q7 фирма би чинела 7 токени), а потоа WRM фирмите кои чинат 1 токен- 1 фирма без разлика на квалитетот.

Откако ќе ги извадите фирмите, нивното преселување во нов холдинг е бесплатно!

За да направите нов холдинг, потребно е да се преселите во регионот во кој сакате да отворите холдинг(се селите во Northwest Territories, Canada) и кликате на копчето "Create new Holding", кое е означено на сликата со број 3.

За да секојдневното селење холдинг-резиденција ви биде поефтино, ставете резиденција во Ајова или Мексико(Pacific Coast of Mexico или Southeast of Mexico)







Ако веќе ги префрливте фирмите, сега имате 189% бонуси за оружје и време е да дискутираме за тема Војни.

Моментално ги држиме под окупација Северно Корејците, поради конфликт со името од каде што земаме +15% бонуси за храна. Во исто време ја земавме Москва под окупација за да помогнеме на Астерија, а во вторник веќе се планира нов Воздушен удар со цел освојување нови територии и отворање на нови тренинг војни.

Планирано е да се започнат програми за помагање на авио и граунд играчите на неделно ниво, кое ќе се одвива со пополнување на формулар еднаш неделно. За ова дополнително ќе бидете известени во новата статија на наредниот претседател.

Поради тоа што немам што уште да додадам, само ќе ве пофалам за послушноста и почитувањето на наредби. Добро е што барем во игра можеме да бидеме сложни и да бидеме водечка сила во еСветот.

Собирајте чоколади и златници, па се читаме наскоро.


Поздрав,
goLdeNReborn II
о/