[МзЕ] Промени, промени, промени....

Day 1,272, 08:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija


Ако не се промени нешто во меѓувреме, после 3-4 денови ќе имаме голем проблем со државните организации. Имаат капацитет за 1000 места а дополнителен простор од државните орг. не може да се купи.

Инаку вчера забележав дека и над 10 вработени ако има фирмата продуктивноста си останува иста. Не знам дали е некоја "грешка" или "бубачка" ама ова ќе беше решение за недостатокот од државни фирми за постоечките единици на АРМ а и во иднина некој претседател ако реши да се оформат нови единици.
Дали фирмата има 5, 10 или 200 вработени тоа не влијае на продуктивноста.
Радоста кратко траеше, 1000 простор е премалку а нов не може да се купи.
Но ова е барем одлична вест за паравоените, веќе не ви се потребни повеќе од една q5 лебара и една q5 за тенкови.

Сега е јасно зошто беше оној 50% попуст за надоградба на фирми. Повеќето играчи вложија и реални пари за да имаат повеќе q5 фирми и да го искористат попустот но сега дали ќе имаш 100 вработени во една q5 фирма или во 10 фирми по 10 вработени е исто.
Магариња се пак играчите.





Цени и плати

Цените на суровините се намалуваат затоа што има поголема продуктивност а особено во "q5" фирмите за суровини (потребни се 35 златници за такви food raw и weapon raw фирми). Секако и поради менаџерското работење и поради тоа што секој може да си отвори фирми за суровини ако ништо друго од понискиот квалитет.
Паѓаат и цените на производите поради помалите трошоци за суровини и поради тоа што и да имаш 100 вработени во фирма продуктивноста им е иста. Но ова значи и поголема понуда особено на q5 производи и цените паѓаат.
Платите сеуште се држат поради гореспоменатото (сопствениците на q5 компании вработуваат и по 50+ играчи) така што ако имате фирми за суровини и производи од понизок квалитет не ви се исплаќа да имате вработени, исплатливо е само менаџерско работење..
Во секој случај направете си пресметка и никогаш немојте да работите со загуба.
Немојте да си ја сечете гранката на која што седите, самите се уништувате а ги уништувате и останатите.


Билети и преселби

Неискористените билети сеуште важат но немојте да давате повеќе од 20 денари за q1 билет, 40 денари за q2 билет, 60 ден. за q3, 80 за q4 и 100 денари за q5 билет. Ако билетите на маркет се поскапи од тоа тогаш искористете ја најновата опција за преселба која ја нуди играта.

Пример: Новиот регион каде што сакате да се преселите е во дистанца 1. Проверувате на маркет дали има поефтина q1 карта од 20 денари и ако нема таква се преселувате без карта и играта ви одзема 20 денари од профилот.


За останатите промени мислам дека се информиравте имаше доста преводи на информациите кои протекоа неколку дена претходно во јавноста.


Министерство за Економија
Министер: lazarosaMKD; Заменик: Grand Admiral Kristijan