[Министерство за Економија] Преместување на единицата Волци

Day 1,267, 04:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija


Државната воена единица "Волци" до сега (во своето кратко постоење) работеше во приватни фирми, секој ќе се сложи дека тоа не е "најдобро" решение па колку и некои граѓани на еМакедонија да сакаат да помогнат.
Едноставно нема логика, државна воена единица финансирана со државни пари а фирмите во кои што работаат приватни. Тоа е непресушен извор за шпекулации.

Затоа како привремено решение Волците ќе бидат згрижени во двете q5 фирми во Министерство за Економија а дел во q5 фирмите во Народна Банка на Македонија.
Членови моментално има 27 што значи 20 ќе работаат во МзЕ и 7 во НБРМ.

Решениево е привремено затоа што сеуште од организации не можат да се отвараат нови фирми ниту пак да се купат од пазар.
Мораме да се прилагодуваме на моменталната ситуација.

Фирмите се викаат Drzaven leb и Drzavna - tenkovi, понудите за работа ви се отворени, упаѓајте.

Министерство за Економија
Министер: lazarosaMKD; Заменик: Grand Admiral Kristijan