[Министерство за Економија] За курсот на денарот.

Day 1,259, 06:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija




Една од најактуелните теми деновиве (како и впрочем со месеци наназад...) е што се случува со денарот и со вредноста на златото... Знам дека сите сакаме да тренираме со Наполеони, да станеме како Scymex или Баталгази ама проблемот е што тие времиња кога 1 златник се купуваше со 29 денари се на жалост минато.

Зошто се случува ова?
Пред се` се случува затоа што админите уфрлаат денари во економијата на еМакедонија. Пред да си создадете некоја теорија на заговор насочена против еМакедонија ќе ви кажам да не се вознемирувате затоа што истото се прави и со валутите на сите останати еДржави.
Погледнете го ММ и во останатите држави.

Грција - 1 GRD = 0.004 златник (постарите играчи знаат дека оваа држава заедно со Русија отсекогаш имале најјака валута)
Русија - 1 RUB = 0.005 GOLD
Унгарија - 1 HUF = 0.004 GOLD
Индонезија - 1 IDR = 0.004 GOLD
Романија - 1 RON = 0.004 GOLD

итн..

Зошто се прави сето ова?
Целта е златото купено со СЖ пари да добие поголема вредност, да се мотивираат играчите да купуваат злато.
Од ден на ден со 1 златник може да се купат се повеќе лебови и тенкови и се што на еден играч му треба во денот.
Од друга страна на бизнисмените им е се` потешко да заработат злато преку играва. Со водење на компаниите и без трошење на СЖ пари.
Не само уфрлањето на валути "од никаде" туку и некои промени во економскиот дел се во насока на тоа.
Сакате да бидете како Ромпер?
Спремете си ги картичките...


Чаре? Кој е лекот? Што би можело да се направи?
Да трошиме државно злато за "одбрана на курсот" е борба со ветерници.
Залудно е и нема да донесе резултат.
Подобро со тие скапоцени златници да се отворат нови q5 фирми за Армијата на еМакедонија, да се создадат нови единици и подобро да се опремат постоечките. За подобра армија и поголема ударна моќ.

Додатен момент кај нас се и играчите во окупираните делови на Македонија. Работаат во Македонски фирми, земаат за плата денари но мораат да купуваат на Бугарскиот пазар со левови. Прво нешто што секој ќе го направи е да купи злато со денарите за тоа злато потоа да го промени во левови.
Така златото го снемува од МонетариМаркет и курсот дивее.
Затоа одите на чет или замолете некој пријател кој не е окупиран и се наоѓа во Македонија да ви купи тоа што ви треба. Дајте му денари тој нека ви врати производи кои ви требаат.
Не и правете промет на Бугарија.


Доколку има некој да каже нешто конструктивно во врска со темата на статијава ќе ми биде задоволство да прочитам.

Со почит,
Министерство за Економија
Министер: lazarosaMKD
Заменици: Grand Admiral Kristijan; mymedmind