Префрлање на компаниите! Важно.

Day 1,124, 04:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija

Почитувани читатели на официјалниот весник на Министерство за Економија на Македонија,

од вчера админите на играва воведоа нови промени во економскиот модул. Можете за нив да прочитате и директно да се информирате од оние кои се директно одговорни за сиве овие промени кои во играва се случуваат од месец Јули па наваму...... на следниве линкови:

- Changes, changes, changes ( Промени, промени, промени... ) - http://forum.erepublik.com/showthread.php/105982-Changes-changes-changes

- National Organizations, Military Units and Organizations ( Државните и воените организации ) - http://forum.erepublik.com/showthread.php/106013-National-Organizations-Military-Units-and-Organizations

Кои се новите промени?
1. Од вчера па наваму со организациите повеќе не може да се купи фирма од маркетот ниту пак да се отвори нова фирма.
Намерата на админите е во некоја иднина организациите воопшто да ги нема а овие се преодни промени кои водат до таа нивна цел...

2. Се форсира префрлање на компаниите од организациите на играчкиот акаунт. За таа цел префрлената фирма на играчкиот акаунт добива 25% бонус во производството на работниците.

3. Фирмата се префрла т.е е во земјата од која играчот има државјанство.
Ова е особено важно за оние кои имате фирми во други држави, пример: Турција, Србија, Бразил, Русија итн.
Со префрлање на фирмата од организацијата на играчкиот акаунт автоматски и фирмата ќе ви се префрли во Македонија а под претпоставка дека имате државјанство на Република Македонија.

Министерство за Економија на Македонија Ви препорачува да си ги префрлите фирмите во Македонија а поради следниве причини:

1. Во богат регион со ресурси вашата фирма има 25% повеќе производство отколку во среден или медиум регион. Со префрлање на фирмата од организацијата на играчкиот акаунт ќе добиете 25% бонус.
пример 1 Имате фирма за суровини во некој богат регион во странство. Таму работниците ви произведуваат за 25% повеќе отколку ако фирмата е во Македонија. Кога ќе ја префрлите фирмата на играчот ќе добиете 25% менаџерски бонус и под претпоставка дека имате државјанство на Македонија тогаш му доаѓа исто како фирмата да ви е во богат регион.

пример 2. Имате некоја фирма за готови продукти во странска земја. Еве да речеме во најдобар случај таму имате 25% бонус поради тоа што таа земја ги има во посед сите 5 ресурси собрано.
Во Македонија имаме 10% бонус кај фирмите за храна поради овошјето и кравите и 5% бонус поради алуминиумот.
Со префрлање на фирмите во Македонија т.е на играчкиот акаунт вие ќе го земете тој 25% менаџерски бонус и дури вашите фирми и повеќе ќе произведуваат.

2. Како што знаеме во Македонија има отворено доста фирми од странски играчи и се очекува нивно префрлање во нивните матични држави т.е во државата од каде што имаат државјанство.
За да не се појави недостаток од фирми и паѓање на платите на работниците во Македонија а со тоа и на нивната куповна моќ со овие фирми кои Македонци ги имаат во странство а ќе се префрлат во Македонија, на некој начин ќе се ублажи некоја евентуална криза што би се појавила.

Панелот за миграција ќе го најдете на My places и потоа Company.

Ако имате некои прашања, Ви стоиме на располагање.

Министерство за Економија на Македонија
мин. за економија: lazarosaMKD
заменици: Kpakep4e; Royalexe



ДОПОЛНУВАЊЕ:
Тука ќе издвојувам прашања поставени од играчи по приватна порака а за кои верувам и други ќе ги интересираат! Често поставувани прашања.

прашање бр. 1
prefrlanje na kompanija


imam kompanija vo srbija i imam 25% bonus na proizvodstvoto. ako ja prefrlam na moe ime isto ke imam 25% bonus, ama momentalno sum vo turcija rabotam za armiska kompanija. ako ja prefrlam na moe ime ke se prefrli vo turcija, dali posle koa ke se vratam vo mkd ke se prefrli i kompanijata vo mkd?
ili da pocekam da se vratam vo mkd pa togas da ja prefrlam na moe ime?
fala odnapred

Одговор:
- Играта гледа какво државјанство имаш а не во која држава моментално престојуваш што значи во твојот случај ако имаш државјанство на Македонија компанијата ќе ти се префрли во Македонија, без оглед на тоа што моментално се наоѓаш во Турција.