Потребни се работници!! Министерство за Економија на Македонија

Day 1,056, 04:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija

Почитувани читатели, ова е првиот артикал на Министерството за Економија на Македонија.

За почеток, кратко инфо.
Во Република Македонија во моментов постојат 2 државни компании и тоа:

1. За производство на камен во нашиот богат регион во Источна Македонија - Drzavna kompanija za kamen - Линк: http://economy.erepublik.com/en/company/drzavna-kompanija-za-kamen1/247466

2. За производство на куќи кои имаат трајност од 70 дена и даваат по 10 здравје секој ден. - Drzavna kompanija za kukji - Линк: http://economy.erepublik.com/en/company/drzavna-kompanija-za-kukji1/247674

Компанијата за производство на куќи ќе работи со оптималната бројка на вработени односно 20 вработени и во нејзе ќе работаат граѓаните со највисоки економски скилови додека во компанијата за производство на камења ќе можат да работаат сите заинтересирани граѓани на Република Македонија.

Сега кратко запознавање со економијата во Македонија во овие први денови на нашата држава. Како што знаете во моментов немаме избран конгрес и претседател на државата што значи не сме во можност да ги извадиме почетните 100.000 денари кои ги дава играта ниту пак сме во можност да отпечатиме денари. Единствената можност да се дојде до денари кои се потребни за тековните активности на секоја компанија е купување на денари од монетари маркет од организацијата на админите. Овие денари се многу "скапи" и со 1 голд се добиваат само 10 денари (за споредба во просек во државите од еСветот 1голд = 55 до 60 единици од нивната матична валута) така што преминавме кон следните мерки:

- За да не се троши непотребно државното злато за купување на овие "скапи" денари работниците кои работаат или планираат да работаат во двете државни фирми ќе ја враќаат платата назад во организацијава Министерство за Економија а за возврат ќе добиваат бесплатни лебови кои ќе им го надоместат изгубеното здравје.
Понатаму кога ќе се произведат доволно куќи ќе бидат бесплатно поделени на работниците и повеќе нема да се трошат пари за купување на леб.
Овие мерки делуваат комунистички но ситуацијата е вонредна и мораме да се прилагодуваме додека ситуацијата во државата не се нормализира.

Во компанијата за камен се потребни уште најмалку 30-40 работници за да можат да ги снабдуваат со камен работниците во компа. за куќи.
Ако се вработат повеќе луѓе, каменот ќе го извезуваме а за таа цел купена е лиценца за извоз во Унгарија.

Тоа би било за почеток,
Министерство за Економија на Македонија
привремен раководител: lazarosaMKD; помошник: Ivan Vancho Makedonski