SEXOT VO INDIJA I KINA - PROCITAJTE PRED DA TRGNEME [ A.J.]

Day 1,486, 10:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Jurukov

Кога ќе се спомне секс невообичаен за западната хемисфера, сите помислуваат на Кама сутра-цртежите откриени многу одамна со еротски положби, а подоцна склопени во една книга. Но, од Далечниот Исток ни пристигнуваат разни секс-техники стари неколку века. Еве неколку од нив што и вие може да ги практикувате:

Зен-техника

На јапонски значи „да се свртиш кон самиот себе".Ако обајцата партнери му се посветени на одреден момент и уживаат во него, тогаш тие имаат зен-секс. Со зен-техниката, сексот секогаш е поинаков, без разлика колку време сте со партнерот.

За да ја направите ова техника, најважен е патот до задоволството. Не станува збор само за позите, туку и за духовниот и физичкиот став. Без разлика во која положба сте и дали користите секс-помагала, најважно е да не губите интерес за сексот. Иако целта е да го доживеете врвот на задоволството, дури и да не доживеете оргазам, барем водењето љубов ви претставувало големо задоволство. Не брзајте кон целта. Порано или подоцна ќе стигнете до крајот.

При зен-техниката партнерите меѓусебно комуницираат еден кон друг и комуницираат со очите и со усните, а тоа ги зголемува љубовните сензори.

Тао-техника

Тао е пат на душата и телото, а целта е да се запознаеме подобро себеси преку вежбите за медитација. Според ова учење, еротската енергија е основа на физичкото и духовното здравје, без кое не постои ни креативност. Тао е техника на поединецот која со текот на времето се развива и прераснува во можност за уживање на партнерите. Љубовниците што ја следат тао-медитацијата тврдат дека сексуалното уживање е огромно. Тао е „грешен" пат за откривање нови сексуални работи, дури и за најхрабрите луѓе од Западот.

Кама сутра

Ова е индиска книга за секс која претставува вистински евергрин. Таа претставува кодекс за заедничкиот живот на мажот и жената. Во оваа книга се запишани дури и доблестите што треба да ги поседува една жена за да го освои мажот, на пример да свири, да пее...но и колку пати мажот треба да го намачка својот пенис со миризливо масло.

Во оваа книга се кријат многу рецепти за задоволство на двата пола. Содржи цртежи со необични секс-пози откриени од дамнешните времиња, како и совети за сексуалните техники. Комбинацијата од бакнежи и гризење се препорачува секогаш кога треба да се смирите со партнерот. Има и совети за девојките за тоа како да ги придобијат мажите.

Една од најпознатите пози во „Kама сутра" е „отворање на бамбусот". Тоа е поза во која вие лежите на грб, едната нога ви е испружена, другата ви е на рамото на партнерот, а во текот на сексуалниот чин ја менувате положбата на нозете. На овој начин на партнерот му овозможувате целосно задоволство, а кај вас се стимулираат сите еротски точки. Ритмичкото движење на вашите нозе дејствува како кружна масажа за партнерот.

Тантрата-техника

Тантрата е љубовен тренинг што се состои од специјални ритуали - масажи, техники на дишење, но и техники што треба да го поттикнат партнерот на страст, желба за секс и секс. Експертите ја препорачуваат тантрата како техника која помага побрзо да се надминат минатите лоши искуства и разочарувања.

Тантрата е, исто така, идеална за партнерите што почнуваат да го губат интересот еден за друг. Ако седум дена по ред само се галите, а осмиот ден имате секс, воздржувањето од сексуалното уживање само ќе го засили ефектот на сексуалниот чин и оргазмот.

За целосно уживање во тантрата неопходни се додатоци: пријатна атмосфера, миризливи свеќи, многу перници, музика храна со функција на афродизијак, масажа...но најважно од сé е да ги набљудувате неговите гениталии. Тантрата ги буди заспаните мажи, па ако ги искористите овие совети, може повторно да доживеете непроспиени ноќи.


И не заборавете да понесете panciri
Durex avanti ultima