Premier Liga (25 komentari)

Day 3,365, 15:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr.Krstevski

Da ne bide prazen mojot prv artikal eve nesto za premier ligata 🙂
Премиер лигата е англиска професионална фудбалска лига. Таа е највисок ранг во англискиот фудбал систем, односно најелитно фудбалско натпреварување во Англија. Во неа се натпреваруваат 20 клубови, од кои последните три испаѓаат во понискиот ранг на натпреварување. Премиер лигата е корпорација од 20 тимови, каде што што сопственоста е акционерска. Секоја фудбалска сезона трае од август до мај, во која клубовите играат 38 кола. Премиер лигата беше спонзорирана од банката „Баркли“ и поради тоа, таа беше позната како „Баркли Премиер лига. Премиер лигата е основана на 20 февруари 1992 година како продолжение на Фудбалската прва дивизија, оформена во 1888 година. Набргу, Премиер лигата станала најгледана лига во светот. Исто така, таа е фудбалска лига со најголеми приходи во светот, со вкупни приходи на тимовите од околу 1,93 милијарди фунти во сезоната 2007/2008. Според УЕФА, таа е рангирана на третото место меѓу националните фудбалски лиги во Европа, мерено според достигнувањата на клубовите во последните пет години, позади шпанската „Ла Лига“ и германската Бундес лига.