Gone fishing

Day 1,133, 12:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Повеќето од луѓето кои дојдоа со рекламите во РЖ, дојдоа затоа што мислеа дека нешто навистина лошо се случува. Ситуацијата во играта е далеку од таква, нешто што лесно се гледа и повеќето си отидоа и сèуште си одат. Токму за овие играчи е наменета оваа статија.

Бидејќи главната цел беше да се помогне на Македонија, зошто сепак да не го направите тоа?



Иако е игра, и овде е присутна светската политика. Не зборувам за изборите во еМакедонија, туку за вистинскиот проблем од РЖ. Ако било кој од играчите објави нешто на таа тема ќе добие сигурно клоца во задникот.



Меѓутоа вие секако си одите, зошто да не направите нешто добро за вашата земја пред да си одите?
Како проштален говор напишете по една таква статија. Не мора во весник, можете и на форумот:

http://forum.erepublik.com/forum.php

Ќе помогнете да се зголеми притисокот, а тоа е најбитното нешто.

Додека ги чекам вашите статии сум: