10 Денови на неред - Нов турнир Ден 3,615

Day 3,607, 12:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana
"Ќе се бориме на плажите, ќе се бориме на аеродромите, на полињата и улиците, на брдата.. Никогаш нема да се предадеме" - Винстон Черчил

После долгогодишен напорен тренинг време е да се покажете. За 10 дена мудрите индивидуални одлуки, стратегистите и лидерите ќе можат да го променат изгледот на новиот свет во новата деценија.

За време на настанот, за сите земјени битки ќе се потребни посебни вештини за да се зголеми штетата на војниците, во зависност на теренот каде што ќе се борите.

Секој поединец ќе може да избере дел од својата моментална сила за специфичен терен. Врз основа на способностите на армијата, лидерите на државите ќе избираат на каков терен ќе се одвиваат битките.

Повикајте ги вашите играчи кои ја напуштиле играта да се вратат и повторно да се борите заедно за слава на вашата држава или за ваш личен профит!

Настанот

Битките ќе се одвиваат на 14 различни терени кои што ќе бидат избирани од лидерите на секоја држава(Претседател, диктатор, министер за одбрана или министер за надворешни работи)

Играчите можат да ја распоредат нивната моментална сила на 14 различни терени. За време на турнирот штетата на играчите ќе се одредува според силата која што играчот ја има одберено за теренот кој што е назначен од лидерите. Можете да користите дел од вашата сила или целата сила.
Можни терени за време на турнирот

Можете да изберете колку сила ќе употребите се додека имате сила која не сте ја употребиле претходно.

За да ја ресетирате силата која сте ја употребиле во одреден терен ви се потребни токени. Секој играч ќе има неколку бесплатно доделени токени за ресетирање, а неколку ќе можат да се купат од продавницата на бојното поле

Продавницата на бојното поле

Максимална сила која што можете да ја користите по дивизија на одреден терен е следната


Можни сценарија

1) Играч од втората дивизија со 20 000 сила може да ја искористи целата сила во даден терен со цел да ги зголеми шансите за да освои Battle Hero медал.
2) Играч од трета дивизија со 150 000 сила и Maverick Pack може да ја подели својата сила на 6 делови и да пука во дивизија 1 и 2. Дури и ако има изберено 25 000 сила за прва дивизија, само 20 000 ќе му се важат за таа дивизија.
3) Играч од четвртата дивизија со 100 000 сила без Maverick Pack може да искористи два пати по 40 000 сила, а другите 20 000 да ги чува за битка каде што нема назначено сила.

Поени за воен чин

Поените за воен чин кои што ќе ги добивате за време на турнирот се пресметани врз основа на вкупната сила на играчот. За време на настанот во земјените битки играчите ќе имаат бонус 100% поени за воен чин. Бонусите за воен чин кои што се добиваат од War Stash нема да даваат дополнителен бонус во земјените битки.

Епски битки
За време на турнирот една битка може да стане епска доколку штетата во битката ја надмине најголемата штета направена во битка од истата дивизија пред 72 часа.

Ако највисоката штета во одредена битка во прва дивизија во претходните 72 часа е 10 милиони, и во една или повеќе битки од првата дивизија се надмине оваа штета сите тие стануваат епски битки се до крајот на битките. Штетата направена во битката со највисока штета станува штета која што е потребна за нова епска битка за таа дивизија.

Медал "Вистински Патриот"

За време на турнирот секој медал "Вистински Патриот" ќе дава три пати повеќе награда. Секој медал "Вистински Патриот" ќе дава по 3000 цц.