[Wild O] Побараа хаос, и би ХАОС!

Day 1,331, 17:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Wild O

Викаат слон памтел работи, тоа дека не знаат колку се јас тоа памтам.



епа ај да си се отворам на кратко...
Пред некои 8,9 месеци читајќи статии налетав на безимена единица која сакаше членови, додуша не беше ни единица, беше еден човек со статија.
Џа, Бу, креирав канал док надвор народ ме чекаше за скитање по иницијатива на арчмеднес со името VISIONMKD

Замисли, сеуште се вика нашиот главен канал #visionmkd :Ѕ



Се собравме багра, скоро 10 души. Сите ко гикови се поздравуваме со салут, фрчеа никови од козаче до лавчан, од димза со 3 а до нено вест хем.
Гласавме за како ќе се викаме тие денови, немавме тенкари, немавме лебари, немавме пари, можда некои имаа мултиња, немавме точаци и златни аватари, немавме име, ама јебем га бевме нафурани као којотот на брзата птица. Ќе ја јадевме па макар била и најбрза.

Се стокмивме, од хаос скуод, преку хаос кру, стигавме до хаос ордер. Почнавме да се фалиме на секаде дека имаме единица и дека ќе сме најјаки БРЕ!
Тој период го викав период на аватари, направив бар едно 10 верзии на нашиот аватар па едно 50тина аватари на членови 🙂 (ама ако, мерак ми е за секој еден од нив)



Вака или онака упознав нинџи, брокери, индијци, танчерки, виолетов човек, еден бог, прслуци, спиро што не се вика спиро, идриз...
се на се, еден куп скоро ненормални (ова скоро седи чисто колку да не се навредат) фаци.

ПА КАКО ДА СМЕ НОРМАЛНИ, кога во три саат сабајле не банираат од каналот на панцер пошто им спамавме LAVCAN IS GOD! Или улетување на канал и сите ќутат, светкаат што ти ја знам што не праат.

Е овој период ни беше златен период, бар ја така го викам.
Пишувам топик „Дојдете таму и таму на кафе, семоќниот и ја сме таму“ очекувајќи дека ќе дојдат уште 3ца на нас 2ца па ќе биде цели 5 души. За кога ќе дојдам да видам веќе стигнати 15 фаци.

ЈеБеГа, станавме багра.



Е сеа фино си е фино, ама ако не кажеш ништо лошо.
Оваа хаотична единица преживеа се и сешто, ни кидна типот со тенкарата и го даде профилот на некој босанец, нормално „семоќниот“ со помош на тралеон, пушти олуја во босна и следователно си ги вративме фирмите.

Сто пати им кажавме на магимастер и индија да не се препуцаваат јавно, индија го натеравме да излезе дури и од единица док е претседател (тоа димза нешто галамеше нејќел да меша политика во единица а сеа ќе биде претседник на партија, види ти крај 😃 ), а овие не само што не прекинаа него им заарни, со логови од чет, со клетви и закани...
еден леташе, другиот бог зна кај е. ова... лавчан знае кај е...



Казни милион, македонер реферат ми пишуваше зошто сме биле казнети, да не не навредел, ха. Индија бркаше еднаш медаљ контра наредби памтам, и влага на чет со следниов текст:
инд : ГООООООООООООООООООООООЛ!!!!!
инд : ПАААААА ТОООООООООАААААААА!!!!!
инд : ВИДИ КОЈ Е БХ таму и таму !!!!!
ја : пер, контра наредби, казни бла бла
инд : АБЕ ЌЕ СРЕДАМ
инд : ГОООООООООООЛ!!!
-штама на канал-
инд : ти ибам тоа бугарот ти ибам, и голд поебав и се...

и после некоe време стана претседател, ХА.



Имавме едно време и уште еден бивши претседател у единица, струме, него не го видов со око, а колку што знам тенк не доби.
Ама затоа пак, мачорот над мачорите, иван д ванчо, шмекерот над шмекерите, не се тргна едно време од канал
доаѓаа армак да го викаат за акции на канал кај нас :Ѕ Не сакам ни да замислам што истрпеа нашиве мачки. 😉



Едно време имавме перуанци, мексиканци, срби, црногорци, турци, индонезијци, украинци, пољаци и уште некој не ми текиња кој, во исто време во единица.
А ние што правиме? Му бараме жена на димебубе по сите држави.
Пустиот неоженет го оставивме.
А и баниран притоа 🙁
Не сум сигурен дали имаме најмногу, ама јас бар знам едно 10 банирани акаунти док сеуште беа наши членови, нека почиваат во мир.



И тогаш негде отприлика и ме снема мене, мн зафатен подолго време, а кога се подослободив мн пијан подолго време, мислејќи дека не може да отиде на лошо, a отиде 🙂
Си отидоа фаци кои искрено криво ми е што не ги ни запознав, некои и помслија дека сме ги избркале, а ние пустите хаос ко хаос, не знаевме кај сме.
Sе надлеа „сенка“ врз нашата единица, и можда ќе треба време истата да се крене, и да го снема тоа летно мртвило што го гледам последниве две недели.



Собиранката на МТО викендов најверојатно многу помогна (не дека заслуга имаат мто за тоа што се собравме, видовме, начукавме ние хаотичните), ама еве гледам ред у хаосов колку толку.

Август улетувам со дигнат ѓон и има се да е ХАОТИЧНО!

Through CHAOS we bring ORDER!
For the glory of the magnificent LAVCAN, god of CHAOS!



Wild O ве сака сите, ок, скоро сите... (људмила, ти си у тие скоро)
се гледаме/читаме/караме/сакаме набрзо
оувр енд аут.

ха, ми фали категорија за статијава, сива економија.