Мојот осврт на војната и пропратните трици (Wild O ве сака сите ;) )

Day 1,214, 13:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Wild O


Од поадмна не сум пишувал нешто посериозно, па ваљда нема ни сега.

Од кај да почнеме?
Цел месец помина без војни пред да улетаме со еСрбија во договорена војна со крајна цел отстапување на регион. Потег кој беше целосно на место, не само за 25% продуктивност, туку и за активирање на народот и убивање монотонија.
Фино е секогаш да имаме природен непријател кој не прави 10% посилни, а притоа да не не бришат од еКартата ( да не почињам со таа војна, ќе отиде статијав во неповрат).



После тој монотон месец, почнавме полека да се будиме и да прогледуваме, до тогаш никој од нас не беше увидел до каде сме добуткале и колку јаки сме станале. Но не може секој да стане на десна нога од 13 000+ народ. Во наш случај доста луѓе стануваат изгледа мамурно-напиздени и спремни само за правење проблеми.
Едно иконче многу работи смени уште во самиот старт на оваа наша кратака епохална прошетка низ балканот.


ова мало иконче

Интересен период беше тоа, нели дури и многу интересен во однос на предходниот месец Штедуари кој беше посветен на штедење, нали.
Како така, еМакедонија тргна во војна. Виделе етиопјани храна и се фрлија без гајле дали е мувлосана.
Буквално се заклаа за секој еден медаљ земен. Сите беа спремни да се пресметуваат (спремни виртуелно мада) и имаше карање на секој чекор, на секој шаут, на секој канал.
Па МОД организираше битки за воените единици со цел да ги анимира, и тоа отиде у вода пошто не се знаеше кој пие кој плаќа, мада пак фино беше што пробуваа да ги дружат сите за време на една тренинг војна.



И така со пцовки и караници стигнавме до ветениот регион и планот беше скоро завршен.



Викам скоро, пошто требаше да се вратат другите региони, што само по себе треба да е формалност. Но не и кај нас.
Ние требаше да тенкаме против себе си за да не испаднеме идиоти и на сред војна на србите им зееме регион.

Знаете со што беше проследено сето тоа ? Па нормално, караници и пцовики и закани и колнења и ....
...како инаку ние ќе изиграме.



Некако успеавме да им ги вратиме регионите на србија тепајќи се сами со себе. Што после следуваше беше и очекувано, мисиите кои бараа природен непријтел мораа да се завршат, се договараа тренинг војни, се бараше решение, народот збесна. Пцовки, карање (треба да смислам збор за ова) и оп, џокер у покре, ИТАЛИЈА.

Дури и испаднавме ние мајка тереза (поради потеклото иначе ганди ќе беше) и отидовме у поход да ги спасуваме нашите „браќа“, „буразери“, „содушници“ еЦрногорците.

И чудо среќа се почна фино, пцовките и карањата ги вперивме кон нив, жабараи, идиоти бла бла. Се дур не дојдовме до првиот отпор, кој не не удри на сила туку на трпение.

ИТАЛИАНЦИТЕ ОТВOРИА ВОСТАНИЕ

еј мајката, зар и тоа го имало у играва, ај ок нови сме.
Не задржаа цел ден, ние прв пат се среќаваме со вакво нешто сите масовно се селиме по наредби у еИталија и тепаме црногорци сеа (+- некој македонец)


сево ова не еднаш, туку два пати.

Епа народ, еИталија не изигра, не фати на психа, нашите почнаа со што друго ако не со: пцовки, карање, заканување...
Мал рефунд, слаба организација, бркање БХ медаљи надвор од наредби, казни на единици, казни на играчи, плукање по влада, плукање по единици, плукање кон цивили... нема крај.



Планот за окупација на еИталија остана за некој друг пат.


пустите ние спремивме бродчиња без платно

Се на се, еден масовен тренинг на нашите армии и војници, па и цивили. И тоа успешен тренинг. Покажавме значајно подобрување од претходната војна со едни неименувани во оваа статија. Се покажавме дека можеме да се држиме колку толку, а здравје лавчаново со време ќе бегаат и појаки нации од нас.

Е сеа, што фино ќе беше вака да завршеше.
Пустиот Струмјанин немал време два дена, па решил да стави потпретседател како дел од власта, и го назначил ни еден ни друг, туку Јунајтед.

Што сега ?

плукање, вреѓање, закани, мито и корупција.... ех колку ми е интересно мене 🙂

поздрав до сите што исчитаа
Wild O, over and out!