Интервју со Seleuk Nikator

Day 1,523, 03:01 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Познат по својот критички однос кон политиката што ја водат претседателот и конгресот Seleuk Nikator

По T REX ти си дефинитивно нај зборуван по четовите,поради твојте ставови и критики кон политиката на еМакедонија,прашањето е дали ти прија што си топ тема на муабет ?
Seleuk Nikator :А па не сум знаел дека сум толку познат па дури сум му станал конкуренција на Т рекс 😃 Дали ми прија? Можеби, во секој случај ми ја прави играва поинтересна.

Доколку победеше на избори за претседател каква би била денес еМакедонија ?
Seleuk Nikator :Мразам прашања ако беше, да не беше, ама ќе ти одговорав дека еМакедонија немаше да биде толку долго под ропство доколку бев претседател јас. Како што вршам притисок на владата така ќе извршев притисок и во ОНЕ да не ослободат.

Што мислиш дали е добро еМакедонија да остане во
сојузот во кој членува или да излезе ?

Seleuk Nikator :Па има време уште за напуштање на сојузот. Полека се враќаме иако акцетот се уште е на Полска и Србија. Шпанија вчера ја избришаа што многу ме разочара, помошта за нас беше мизерна, така што мислам дека самите еМакедонците се повеќе го обвинуваат ОНЕ за ова што се случува денес.

Каде го гледаш излезот од ситуацијата во која се наоѓа еМакедонија ?
Seleuk Nikator :Излез од Балканов? МПП со Бугарија. Само така може да се вратиме на старите патеки. Со тројца директни противници + предавниците Турција кои жестоко се борат против нас тешко дека ќе успееме да го вратиме стариот сјај.

Постојано се споменуваат тие давесет играчи кои се менуваат кои ја држат политиката во нивни раце,и доколку некој од нив повторно се кандидира ќе победи,па тогаш се прашувам што е проблемот кај тие дваесет,кај гласачите или кај кандидатите за претседател ?
Seleuk Nikator :Проблемот е во двокликерите и во ОеМ. Значи кој е кандидат на ОеМ може да се каже дека е иден претседател на еМакедонија. Оние што не ги пратат случувањата во играва едноставно гласаат по име. А добро знаеме дека многу од акаунтите денес имаат нови сопственици што доаѓа до вакви неуспеси на еМакедонија. Јас имав преку 200 гласа на изборите и сигурен сум дека повеќето се од активни играчи. Доколку се расформира ОеМ ќе се избалансира политиката во еМакедонија.

Ќе се кандидирташ на следните избори и зошто би требало да гласаат за тебе ?
Seleuk Nikator :Не, нема да се кандидирам. Нема да имам доволно време да се посветам максимално како што планирав овој месец, а и желбата веќе не е толку голема кога ќе сфатиш дека едни исти се менуваат и ја контролираат ситуацијата.

Кој рефунд е најдобар според тебе ?
Seleuk Nikator :Рефундот намерно беше изоставен од мојата кандидатурата. Рефундот или ќе немаше или ќе беше договорен со генералите на единиците. Јас сум за првата опција бидејќи токму тој рефунд ги донесе најголемите поделби во еМакедонија.

Која воено политичка стратегија е најдобра за еМакедонија ?
Seleuk Nikator :Па јас мислев дека ќе се бркаме со Гејлада, но како што гледам и нив ги интересира повеќе ресурси и си заминаа накај Египет. Нас ни останува да се стационираме повторно на Апенините и конечно да влеземе во Европските војни. Искрено преку глава ми е од Грција. Се надевам ќе се постигне договор за ненапаѓање. ОНЕ треба и мора да пружа повеќе поддршка на Македонија и доволно си играа со нас. Знам дека не е лесно ама ако треба ја би водел и деструктивна политика. Нема помош - нема сојуз! Доколку изгуби 600 милиони ОНЕ од Македонија сигурно пропаѓа, а желбата на многу држави е нов сојуз.

Се соживуваш со играва ?
Seleuk Nikator :Не, напротив. Некогаш и претерувам со критиките и сето тоа за да си ја направам играва интересна. Имам другари што ја играат играва и ми викаат ти си луд не ги нервирај луѓето ама барем ми е интересно и уживам во тоа. Злобно од моја страна, но тоа сум јас. Сепак колку и да критикувам, нудам и решенија, па дури после скандалот со последната статија, претседателот побара мое мислење. Му текна на некој да ја побара и мојата помош амин.

Зошто го избра името Seleuk Nikator ?
Seleuk Nikator :Е ова мислам ќе ве интересира. Кумот на Seleuk Nikator е токму Т рекс! Се регистрирав со моето Рл име и презиме бидејќи не планирав да заглавам до толку со играва само сакав да видам што е толку зборувана, па дури и на вести ја има. После тоа сфатив колку ми е смотан никот и сакав да го сменам, напишав статија каде што нудев награда за најдобар ник и верувале или не, Т рекс ми ја даде идејата и НЕ МИ ПОБАРА НИШТО ЗА ВОЗВРАТ 😃 Името на овој генерал сепак е значајно за нашата историја.

Кажи ни нешто за тебе ?
Seleuk Nikator :Средношколец, стипендист, љубител на стратегии и вино, навивач на Вардар, во кратки црти тоа е тоа.

Филм и Музика ?
Seleuk Nikator :Филм: Lord Of The Rings
Подобар филм не сум гледал и не верувам дека ќе гледам. 16 пати го имам гледано секој дел и не ми е досаден, едноставно има се во филмот, од акција, авантура, драма, романса се!
Музика: Се освен метал иако у последно време почнаа и такви некои луди групи околу глава да ми се вртат ко швапскине рамштајн или соад😃


Хоби ?
Seleuk Nikator :Пинг понг, биљард, планинарење, возење точак, ерепаблик , гледање филмови 🙂

Твоја порака до еМакедонскиот народ ?
Seleuk Nikator :Порака до народов? Праќам ја секојдневно пораки до нив, но сега ќе бидам краток и јасен:

МИСЛЕТЕ СО СВОЈА ГЛАВА!


Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со Seleuk Nikator
http://www.erepublik.com/en/article/-seleuk-nikator1-1950430/1/20