Што е тоа Plainswalker?

Day 1,609, 00:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker
И што е тоа?
P: Е тоа најдоле на сликата. Станува збор за игра со карти, Magic the Gathering и ова е еден од оригиналните карактери.

Не дека ме интересираше тоа, онака си прашав. Кажи ми побитно, имаш ли Q6 фабрика?
P: Немам, имам Q5 за оружје и Q3 за храна. Многу пари треба за Q6, а златово е изгор скапо.

Па што не си купиш злато со вистински пари, за еден ден ќе си имаш Q6 фабрики?
P: Тоа нема шанси да го направам. Ако немам некоја цел во играва, не би ја ни играл. Ако ги земам за еден ден, следниот ќе престанам да играм. На некој начин ќе му дојде како да сум платил за да се откажам од играње 🙂

Колку пари заработуваш на ден?
P: Никогаш не сум пресметал убаво, ама претпоставувам околу 1000 МКД.

А како?
P: Па работам како, и ми даваат плата за тоа 🙂 Дополнително си имам и работници кои ми работат во Q5 тенкарата, а можеби најголемиот дел од профитот ми доаѓа од трговија. Лиценца во вистинската држава може да донесе поприлично пари.

Колку редовно ја играш играва?
P: Играм веќе година ипол, и до сега вкупно има 3 дена кога не сум ја играл. Жива мака е кога си на одмор или во странство, ама се наоѓа бесплатен интернет ако го бараш. Што е право еден викенд во Охрид не успеав...

Ти жив лузер си бил, а и немаш приватен живот изгледа. Постар си или помлад од 25 години?
P: Не ме прашувај за рж. И да, каде каде сум постар од 25.

Дали си живеел во некоја друга земја освен еМакедонија?
P: Да, се имам изнашетано по еСветов. Еднаш пред повеќе од година дена имав и Еденско (тогаш не постоеше Тера, па неможе да се каже Теденско) државјанство. Сметам дека секој треба да се прошета и да види како ја играат играта другите земји. Како во пријателските, така и во непријателските. Нормално треба да се знаат странски јазици, ама и тој/таа што не знае нешто многу, ќе добие шанса да се подобри.

Имаш ли некоја цел во играва?
P: Имам неколку. На пример да си имам од сите можни зградички, да си ги имам сите медали, да влијаам на странците, а и на нашите, да ја промовирам Македонија итн.

И кој медал ти е најнедостижен?
P: Тој каде што треба да се поканат 10 луѓе. Ако немаш мултија тешко дека ќе убедиш десеторица да се глупираат на играва.

Дали си членувал во армии или воени единици?
P: Па сега сум во воена единица, што ако се вика Civili, а и капетан сум 🙂 Порано кога државната војска имаше смисла бев едно време (со месеци) во Тигрите, а доста одамна бев и во една странска армија. Сега веќе членувањето во воени единици ми нема смисла.

Дали си бил политички активен?
P: Па не баш, иако сум бил претседател на партија во една странска држава. Не знам колку се смета за политичка активност ама имам нешто стаж како амбасадор. 3 месеци во еФранција, 3 месеци во еАвстрија и 4 месеци во еШвајцарија.

А ќе бидеш ли?
P: Ако ме изберете на некои избори 😉


Plainswalker