[PhoenixMK] HAIL STRUMJANIN WALKER! Емотивна посвета од АрМакедон за Струмјанин!

Day 1,235, 11:29 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Кусо интро за формирањето на АрМакедон:

Есен 2010та година, во еден убав сончев ден, некаде доцна навечер 😃 двајца мускетари по име Drashhh & Lion ја формираа фамозната и контроверзна организација АрМакедон. Со цел да се претстават како Богови и надредени, во нејзина чест ја изградија Златната Куќа или народски позната како “Дувлото” која денес се смета за еСветско чудо во Новиот Свет, симбол за моќ над смртниците и диктатура на дело.

Од тогаш започна црната историја на еМакедонија. Се кроеа планови за грабење власт, крадење банки, дуканчијна и профили, потчинување на бунтовниците па дури и со воени дејствија врз нив...но, за да се оствари сето тоа беа потребни....РОБОВИ! Робови кои ќе ја спроведат програмата на двајцата семоќници, робови кои ќе ги валкаат сопствените раце за своите богови!

И така, двајцата мускетари започнаа да трагаат по жртви. Откако ќе направеа “target locked” на потенцијалната жртва, ја мамеа во дувлото под изговор дека таму ќе ја почастат со богат оброк и кафе (читај злато). Така наивни, луѓето влегуваа во Дувлото и од тогаш им се губи секаква трага! Имаме информации дека се случиле неколку успешни обиди за бегство но не знаеме што ги снашло 😃 Останатите несреќни црнци р’мбаат по нивите за корка леб било да е на пука жега, студ, дожд, град, снег па и громови.

Робовите ака црнците од ArMakedon почнаа да се шират насекаде по земјата ко епидемија....

следен чаптер

Историја за Струмјанин:

Си беше еден Струмјанин. Родум Октомври 2010 лето...упс есенско еГосподово, израснат во мирна околина во Источна Македонија далеку од сите проблеми. Нежен, мил, комуникативен и секогаш расположен Струмјанин беше човек сакан и обожуван од сите. Едноставно, ангелче, човек кој не сака да згази ниту мравка. Но, се започна на лошо откако еден од семоќниците а.к.а. Драш пристигна во неговото родно место со сопствениот автомобил марка Ламборџини. Црни облаци се појавија на небото. Драш со прст посочи кон таленираниот Струмјанин и нареди да го донесат во Дувлото. ТакаСтрумјанин стана црнец, АрМакедонец!

Поради долгото владеење на Драш и неговата десна рака во сенка, далаверата Лав, граѓаните на еМакедонија почнаа да креваат бунт против озогласените диктатори. Итриот Драш, со цел да ја скроти незадоволната толпа граѓани го извади од ракав својот АС, Струмјанин, единствениот ангел од сите ѓаволски настроени црнци во АрМакедон, единствениот fail на Драш и Лавот, светла точка во Дувлото. Неговата чесност не дозволи злите сили да победат. Со харизмата во неговите писанија Струмјанин ја стекна довербата на народот. Меѓутоа, таа чесност всушност и не беше чесност 😃.
Поучен од тoj факт, итриот Драш го постави за Претседател на своето кралство а за негови помошници беа поставени исто така црнци од АрМакедон кои беа сакани од народот со цел да ги смири тензиите но сепак индиректно да остане во команда.

Воодушевен од успехот на својот роб и заработеното богатство, Драш во негова чест произведе ултра квалитетно виски кое го нарече “Strumjanin Walker” или у превод “Струмјанин одачот” или “Одачот Струмјанин”.



Одач, затоа што каде Струмјанин ќе згазни, каде и да отиде, порти ширум се отвараат, се фрлаат рози, се печат прасиња и се прават фешти во негова чест.

Шишето е красено со етикета на која има човек во движечка силуета и облечен во аристократски стил, типично за Струмјанин. Шеширот означува заштита од дожд, негативни мисли и клетви, сакото и пеперутка краватата означуваат шармантен стил на живеење - шмеќер, чизмите во најнова мода се симбол за подготвеност и гаснење отпушоци од цигари и на крај, бастунот - симбол за моќ, власт над сиромасите и алат за тепање по газот за непослушните.

Моменти подоцна, Струмјанин стана зависен од вискито. Капка по капка, чашка по чашка, шише по шише, секој ден се повеќе и повеќе се долеваше. Критикуван од страна на своите црнци дека премногу пие односно дека ја испил сета залиха од вискито и не оставил ништо за нив кутрите, Струмјанин ги тресна со бастунот по црнечките раце и тргна кон излезот од Златната Куќа од каде што стана...ЦРНЕЦ над црнците!

ТОЈ ГИ НАПУШТИ СВОИТЕ ЦРНЦИ!!! Со солзи во очите и пиЧетка во раката им рече Astalavista ArAmista! I’m going on a looong trip! BUT, I’ll be back!

И така, правејки осмици и потпевнувајки си ја песната “Money, money, money”, Струмјанин започна да се движи долж патот кој водеше кон куќата на редот, штабот на конкурентската Chaos Order.

Meanwhile in the Golden House а.к.а Дувлото: АрАмиите ожалостени поради напуштањето на нивниот врховник го посетија кабинетот на Струмјанин т.е. влегоа во овалната соба и почнаа да плачат ко ненормални. Им се сруши светот! На неговата маса стоеше големо бело плико на кое имаше печат “строго недоверливо”. Драш го отвори пликото и почна да ја чита содржината. Одеднаш занеме! На неговото ожалостено лице се појави нежна злобна насмевка. Веднаш почна да ја раскажува пронајдената содржина. Запознаени со содржината, АрАмиите почнаа да се радуваат и да прават фешта и се фатија на работа со цел да го подржат својот миленик!

Планот за деструктивна Струмјанинова реорганизација на паравоените единици:

клик за поголема резолуција


Во трезните денови, Струмјанин составил план за инфилтрација во конкуренцијата и нивно придобивање или пак нивна деструкција односно елиминација ако не се потчинат на режимот.

Први на листа се Chaos Order.
Магепсан и зависен од хаосот, Струмјанин реши да се инфилтрира и да воспостави хаос во куќата на редот и правдата! Струмјанин стана член на Chaos Order. Неговото мото е дека нема ред без хаос! Тивко и итро, Струмјанин се обидува борците за права на народот да ги преобрати во борци на хаосот, да ги научи да крадат, да пцујат во кратки црти - да преминат на темната страна. Резултатите ќе бидат видливи за месец - два од неговото престигнување. Доколку не станат хаотични, Струмјанин ќе треба да ги елиминира од мапата!

Според зацртаниот план, по неговото заминување од Chaos Order следни за реорганизација или уништување доколку не се потчинат се бунтовните Panzer кои имаа за цел да ја запалат и газат Златната Куќа. Тенковите ќе им бидат заменети со пластични играчки и пони точоци со свирка. После нив на реконструкција во однесувањето следат мирните и повлечени МТО за кои е образложено дека треба да станат чиста злоба и да спроведуваат диктатура на дело. Silver Shields ќе ја имаат сличната судбина како Panzers. Среброто ќе биде заменето со р’ѓосано железо со цел економичност. За Илуминатите Струмјанин поставил задача да перат мозоци со секташки идеи и се единствените кои се речиси толерирани од негова страна, за МСК напишал дека планира да им ги украде квалитетните коњи и да им ги замени со мулиња. Фалангата (МФ) ќе претрпи огромни промени, ќе ги направи индијанци додека пак Dukes, од војводи поборци за правда и верувачи во еБога ќе станат атеисти и расисти. За крај, Струмјанин ги оставил Демоните бидејки според нивниот култ тие веќе се блиску до идеологијата на АрМакедон. Од демони ќе бидат регрутирани во ужасни и нетолерантни сатани, полоши од Луцифер. За останатите нема пишувано детали но сигурно нема лесно да поминат.

Со АрМакедон Струмјанин воспостави диктатура на дело, економија ОГРОМНА....шверцуваше ситна роба, градеше ситни дуќанчијна а сега што далавери ќе прави...времето ќе покаже.

Струме, запомни нешто: еднаш АрАмија, СЕКОГАШ АРАМИЈА!
Каде и да одиш, каде и ќе шеташ, талентот твој ќе те следи и ќе те врати назад во Дувлото!

клик за поголема резолуција


Keep on walking Strumjanin

Твоите црнци ќе те чекаат!
HAIL STRUMJANIN!

о7

Од
ем ожалостените, ем среќните

АрМакедон

Текстов го преведе и подготви PhoenixMК
Идеја и печатна реализација - чичо Лав!
Љ1 Телевизија