Плато Потер и Каменот под Камените part 1

Day 1,370, 07:11 Published in North Macedonia North Macedonia by EzioAuditoremk


Многу одамна си живееше едно момче по име Плато и се презиваше Потер.Момчето на само 5 дена од неговото раѓање беше погодено од молња која што му направи една мала буква „П“ на неговото чело но сепак не умре.Поради тоа на 11 годишна возраст Плато беше повикан во училиштето каде што се наоѓаат децата кои што се удрени од гром.Така двајца луѓе облечени со бели мантили и со инвалидска количка го зедоа Плато од дома и го однесоа во една мала уличка каде што проговорија некои зборови и уличката се претвори во тунел.Од другата страна на тунелот излезе еден огромен дворец кој што воедно претставуваше и училиштето „ХОГИБУС“



Но штом дојде до влезната порта прочита : Дворец за ментално ретардирани луѓе „ХОГИБУС“.Плато многу се израдува кога го прочита тоа и едвај дочека двајцата луѓе во бело да го внесат внатре.
-Плато во дворецот се запозна со многу другарчиња,а воедно и со професорите на училиштето кое што тој учеше да биде мирен дисциплиниран а по малку да изведува и некои магии.Така Плато еден ден реши да се прошета низ училиштето.Така одејќи тој се сопна на едно камче и падна ничкум на земја.Тогаш неговата лузна почна силно да го пече и да му предизвикува огромна болка.Плато погледна кон каменот што малце го помрдна откако се сопна на него и забележа дека на истото место се наоѓаше едно мало црвено камче.Откога го виде камчето Плато осети уште поголема болка во неговата лузна и тој падна во несвест.

Што ќе се случува понатаму во овој дел од Плато Потер и каменот под камените ќе дознаете во продолжението на приказната која ќе ја објавам наскоро...... за тоа време можете да ме најдете на mojot kanal #Ezio

Best Wishes Ezio Auditore da Firenca