[KepenciMKD] Македонија на Македонците

Day 1,368, 06:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Македонијо о7

Вчерашниот ден беше најважниот за опстанок на Македонија и во него СИТЕ се покажавте достојни на задачата и заслугата оди кај сите граѓани на Македонија и сојузниците кои безрезервно не помагаа , ја одбранавме гордоста на Македонија а со тоа ја добивме можноста за натамошно реализирање на планот за економски раст на државава.

Мојот мандат влегува во третата недела, а досега во него, како и што ветивме секој ден имате ПН на кој ги зајакнувате вашите профили.
По префрлањето на Главниот Град во Брегот на Црвеното Море од страна на мојот претходник Аминта, ја добивме шансата и дополнително да ја прошируваме нашата територија, во тоа успеавме и моментално контролираме скоро цел Египет ( за што добивме дозвола од вистинските Египќани, бидејќи таму моментално на власт се ПТО Хрвати) а со денешната и утрешната војна се надевам ќе имаме контрола и на целата територија. Следно, контролираме и голем дел од Арапскиот полуостров за кој веќе е склучен договор со тамошната власт за наше преземање на регионот Најран по изгласувањето на ОВОЈ закон, да појаснам, Саудиска Арабија не гласа за ПН по договор со нас и нивниот напад е договорен ( затоа ве молам без навреди кон нашите сојузници ) , по чиј напад ( кој треба да го одбраниме ) следува наша офанзива кон Најран по што се потпишува мир со Саудиска Арабија, како благодарност до нив им се враќаат оригинални региони на СА кои нема да ја блокираат нашата рута до ресурсот шалитра во Најран . Значи во владение добиваме уште еден ресурс о7

За работата на Министерствата и Конгресот

Сите Министерства максимално си ја извршуваат задачата за која беа задолжени, секој ден се дели рефундот на единиците а и имаше донации за цивилите на каналот за цивили, министерството за здравство располага со доволна количина лебови кои ги обезбедивме за новите играчи доволно е само да го посетите каналот #emkd-zdravstvo и секој кој е помало ниво ќе биде помогнат, Министерот за економија секојдневно е вклучен во работата за што ме информира на дневните состаноци кои ги имаме, Министерството за Одбрана е активно како никогаш досега за што сте сведоци и самите со навремено информирање за приоритетите на денот преку нивниот ВЕСНИК , Министерството за Образование објави интересна статија која вреди да се ПРОЧИТА.
Е сега за Конгресот, иако добро си ја вршат работата во делот за потпишувањето на законите за Алијанси имам една замерка во нивната работа а тоа е делот на ставање на гласање Закон за Донации кој мора секојдневно да поминува за државата да може да располага со тие пари бидејќи тоа е единствен начин преку кој од државната каса се префрлаат пари на НБРМ а државата може да ги користи само тие пари кои се повлечени од државна каса и префрлени во НБРМ , за жал поради каснењето со поднесување на овој Закон веќе е изгубен еден ден временски период, затоа ги советувам сите конгресмени за поголема ажурност !

Исто така сакам да спомнам во врска кревањето востанија на сопствена рака на територии кои ги контролира Македонија , прво тоа е предавство сам да си ја напаѓаш државата а второ вложените средства ќе ги изгубите бидејќи тие востанија крваво ќе ги задушиме, затоа ве молам сите за координација со Владата или со мене лично во врска со кревање востание во периодот кога ќе ги враќаме регионите на Саудиска Арабија за што ќе бидете и известени преку весникот на МоД .

За крај сакам да им заблагодарам на сите воени и паравоени единици кои вчера се откажаа од државниот рефунд а со цел да се снабдат активните играчи кои во моментот на нашата одбрана на Главниот град беа присутни на армискиот канал . Ви Благодарам \o/

Да живее Македонија !
Македонија на Македонците !
Hail ONE !

Со почит, KepenciMKD Претседател на Македонија о7