Кандидатура за претседател : Зошто јас а не некој друг [Ezio]

Day 1,564, 03:57 Published in North Macedonia North Macedonia by EzioAuditoremk

Здраво еМакедонијо !!!

После едно и пол годишно искуство од играње на оваа игра, јас EzioAuditoremkd или Deutschlandius решив за прв пат да се кандидирам за претседател на нашава земја.


Најмногу се кандидирам поради тоа што до сега сум видел илјадници ситуации во играва и според мое мислење имам стекнато доволно искуство за да станам претседател кој што ќе ја води еМакедонија напред, а и поради останатите кандидати за претседатели кои што се крајно несериозни и недолични.

Изминативе денови се изначитав и изнагледав постови од кандидатури на претседател во стилот на :

Гласајте за мене и се ќе биде најдобро... или пак гласајте за мене но нема да има мед и млеко или пак ако не гласате за мене „Знаете што ве чека“ и уште МНОгу други вакви несериозни кандидатури ...


ПА ЗАТОА ВЕ ПРАШУВАМ ВАС : ДАЛИ ВИЕ БИ САКАЛЕ ДА ИМАТЕ ВАКОВ НЕСЕРИОЗЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ ШТО ЌЕ ВЕ ВОДИ ?


Јас како претседател најмногу би се залагал за :

* Зголемувањето на нашата популација, поради тоа што сите ние знаеме дека
еБебињата се иднината на нашата, а општо и на сите други земји.


* Држење на оригиналните региони барем додека не се стабилизира
ситуација во ONE и не дојде до повторно нивно водство


* Зголемувањето на активноста на играчите на армискиот како и на удар
каналите


Причини зошто да гласате за мене ?

1.Долгогодишното искуство во играва
2.Големата активност на ризон чатовите.Можеби не 24/7, но затоа со сигурност
12/7
3.Конгресмен на нашава земја, 2 пати претставник на нашава земја во странство и 2 пати помошник министер за информирање
4.Долгогодишен Командер на МСК и моментален помошник командер на една од најјаките единици во земјава WK (Wolves and Knights)



Доколку имате некакви прашања или сакате подетално да се запознаете со мене, можете слободно да дојдете на мојот приватен ризон канал #Ezio
П.С Тимот кој што ќе ја води нашава земја е објавен во следнава статија :

http://www.erepublik.com/en/article/-ezio-1-1980505/1/20