Пакетчиња за бебињата (By MTO)

Day 1,859, 09:36 Published in North Macedonia North Macedonia by bibermk


Прво сакам да ја поздравам акција на El Che G и сите оние кои организираа вакви или слични акции за делење тенкови и лебчиња на новите бебиња.
Да не должам многу, ќе бидам краток и јасен. МТО организира поделба на 1000 Q6 тенкови и неограничена количина лебчиња од секаков квалитет. Она што треба вие да го исполнувате како услов за да добиете новогодишно пакетче е:

1. Да сте регистрирани на денот од последниот бејби бум па навака, или поточно од 1,851 ден или да сте под 30-ти левел
2. Да сте државјани на еМакедонија

Целта на оваа акција е да се задржат што е можно поголем број ново регистрирани членови и зајакнување на првата и втората дивизија. Да не заборавиме, овие две дивизии можат да бидат клучни во добивање на битките, но и за зајакнување на појаките 3та и 4та дивизија во иднина.

Сите оние кои ги исполнуваат условите нека ми пратат приватна порака мене, а јас во најскоро време ќе ги пратам пакетчињата.
Акцијата ќе трае до 31.12.2012, или дур не се потрошат залихите.

Со посилни бебиња до појака еМакедонија !!!

За извик:

Пакетчиња за бебињата (By MTO) http://www.erepublik.com/en/article/-by-mto--2180251/1/20