Божиќно интервју со AntitalenaT

Day 1,509, 02:15 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Тој е еден од малкуте ако може да ги кажам слободоумни играчи.

Како си пројде за нова година и што си посака ?
AntitalenaT : Јас за нова година си поминав феноменоменално и си посакав среќна нова година и мир на светот.

Дали користеше пиро технички средсва за време на прославата и какви ?
AntitalenaT :Незнаеш брат, сум се отворил со жижици ко конзерва паштета.

Кога сме веќе кај празниците дали имаш планови за 1 мај ?
AntitalenaT :Аххх ама си духовит по ѓаволите 😃
А за 1ви мај најверојатно ќе бидам алкохолизиран на некоја планина.


Да се вратиме на играва од каде дозна за еРепаблик ?
AntitalenaT :Од дома ме натераа да се регистрирам. Озбилно 😃 Имало репортажа најверојатно на Сител и ме напнаа да сум се тепал против Бугарите (тешки патриотишта сме ние по дома).

Кога би бил претседател на еМакедонија што прво ќе направиш ?
AntitalenaT :Празнење на НБРМ и полнење на мојот акаунт секако.

Што би превзел со Турција ?
AntitalenaT :Јас, би организирал бојкот на сите турски серии во Македонија при што Турската држава ќе изгуби голем капитал и како директна последица на тоа ќе се намали купувањето на голд и тенкањето.

Што највеќе те нервира кај играва
и што те иритира кај еМакедонците ?

AntitalenaT :Ќе се приклучам на хајката малце, ама најмногу ме нервира профитерскиот став на а*******. Имам пишано неколку тикети објасувајќи им дека ги дистанцираат просечните играчи и присилуваат се повеќе постари играчи и консумери на голд во двоклик, ама нели шо ме е*** мене а*******.

А кај Македонциве ништо не ме нервира, супер си се они. 😛

Каква распределба на рефунд ќе воведеш ?
AntitalenaT :Па за промена би пуштил рефунд на КоштаплерС и другиве "помали" единици, да се израдуваат и они малце.


Како се најде во единицата KostaplerS-HostaplerS ?
AntitalenaT :Не ми текнува како слушнав за КоштаплерС, ама ми текнува дека 4-5 дена го немаше троопер и така си чмаев на чатот додека Гаол4е не ме бутна преку ред 😃

Твојата популарност на што се должи ?
AntitalenaT :Јас ако сум популарен, отиде еДржавава у курац. Ама најверојатно поради хомо-еротските моменти со шефот.


Со кој играчи највеќе разговараш ?
AntitalenaT :Хммм... со жена ми, со било кој коштаплер на чат, со тебе срцка,со браЧата кога по грешка ќе дојдат на чат и со Милутин и другите шаут тролови а да и со Makedonija Do Indija 😃

Зошто се одлучи за името AntitalenaT ?
AntitalenaT :5 до 10 минутен разговор со мене би го одговорило прашањево.

Кажи ни нешто повеќе за тебе ?
AntitalenaT :Студент, гејмер и незаситен консумер на асални филмови.

Филмови и Музика ?
AntitalenaT :Hands down омилен режисер ми е Тарантино, и јак ќејф ми прави англиски хумор (Black Adder, и се со Stephen Fry и Hugh Laurie) а музика, у последно време слушам само Македонска изворна, Игор Џамбазов, Студени нозе (ФИИИИЦ) и тако даље.

Која е твојата новогодишна порака до читателите ?
AntitalenaT :Бандери се за крадење... и то.

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.