[ОеМ] Alek Macedonian - Кандидат за конгресмен во Пелопонез

Day 1,433, 11:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Alek Macedonian
Еве ме мене повторно на Конгресни избори и тоа во Пелопонез, ептен ми е мило за вчерашниот митинг таму, оти како што знаете жителите на овој регион едногласно решија да ја сменат националноста и од Атињани да станат Македонци, а ние како добри власти на наша територија им простивме за нивната поранешна заблуда, иако ликвидиравме не повеќе од 20000-30000.



Најпрвин да ви се претставам (за оние што не ме знаат, за оние што ме знаат нека судат дали ја кажувам вистината!) и ќе ви претставам што може да очекувате од мене, ако, евентуално, го добијам толку посакуваното конгресменско место.
Значи вака, без непотребен хумор во текстов (него ќе го најдете во моите претходни статии, имаше 5-6 во кои толку добро и успешно си играм со Атињаните, а и чат-пат и со Бугарите и го навлекувам нивниот бес, а вашите гласови, но почитуваниот Плато(н) имаше лош обичај да ми ги убива статиите и сега веќе ги нема, па така и тој (тие) со тек на време стана дел од моите исмејувања) и со малку доза на сериозност, каква што е и функцијата на која се кандидирам ќе се обидам да скинам 2-3 минути од вашиот еЖивот.


Веќе сум стар лисец, што се вели, во играва. "Роден" сум пред нешто повеќе од 10 месеци и веднаш станав опседнат од ова чудо (ееее, кога ќе ми текне како беше на почетокот...)
Не губев време, читав туторијали, се угледував на постарите играчи, за еден месец ако не се лажам ја отворив и првата фирма, а и весникот на кој најмногу си се гордеам.
Да не замарам, работите кои мислам дека треба секој да ги знае за мене воглавно се:

1. Во тек сум со се што се случува со играва, јасно ми е дека еуфоријата во еМакедонија не е како порано (кога првпат ја нападнавме Бугарија, а да не зборам за нападот на Италија, тоа беа времиња), после освојувањето на Грција нашите играчи или дел од нив помислија дека целта е остварена и време да ја напуштат играва. Сега пак си војуваме со Атињаните, ама барем се речиси целосно позеленети, а тоа е она за што играме. Поентата ми е дека знам каква е економската ситуација, политичката (и внатре и надвор) и мислам дека ќе можам да помогнам со моето искуство тоа да се промени.
2. Имам 2 ММ Медали, што значи дека сум имал над 2000 претплати (сега бројот е помал откако Плато реши да ги избрише претплатите од банираните играчи). еНародот ме ценел и затоа ми дал толкав број на претплати и да не се повторувам, кажав кои беа моите "најсилни" статии!
3. Бев неофицијален командант на паравоената единица "Патриот", но се повлеков и си направив своја паравоена со име "Александрова Гарда", што се вика, за ќеф, и сега имаме над 130 членови со тенденција тој број уште да се зголеми!
4. Веќе двапати бев член на Конгресот од редовите на ОеМ, се разбира, и тоа првиот пат дури пред 5-6 месеци со освоени најголем број на гласови во регионот Повардарие, а и на претходните избори минатиот месец во истиот регион со исто така најголем број на гласови во еМакедонија!
5. Бев активен и и тогаш ги слушав инструкциите од тогашното раководство, а тоа ќе го правам и сега!

Мислам дека го имам сето потребно искуство и нема дел од играва што не ми е познат и за кој не можам да дебатирам и се надевам дека ќе ја оправдам довербата на Претседателот на ОеМ и ќе успеам најпрвин да станам конгресмен, а потоа да станам и добар конгресмен! ОеМ била, е и секогаш ќе биде најсилната партија во еМакедонија, па и во еСветот, партија на која сум член околу 9 месеци без престан, партија која не ја сменив ни за потпретседателското место во тогашната најголема опозициска партија, иако во ОеМ едвај влегов како кандидат на Конгресни избори (пред околу половина година), не ја сменив ни во најтешките времиња кои се надевам се надминати и секогаш ќе останам верен на неа!

За SHOUT-
[OeM] Alek Macedonian - Кандидат за конгресмен во Пелопонез!
http://www.erepublik.com/en/article/-alek-macedonian-1-1888517/1/20

ДА ЖИВЕЕ ОБЕДИНЕТА еМАКЕДОНИЈА!!!

ЕДИНСТВО, за да ја постигнеме нашата цел-
ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!!!



Искрено ваш,
Alek Macedonian