ЛОГИСТКА - ПОБЕДА ИЛИ ПОРАЗ [A.J.]

Day 1,491, 15:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Jurukov
Како прво мало поимно објаснување на зборот логистика од Wikipedija Логистика представува целокупан процес на планирање, обезбедување, контрола и евиденција на снабдевањето и обезбедување на материјални средства (интендантска и техничка служба), организација на транспорт (саобраќајна служба), хоспитализација на повредени (санитетска служба), организација на стопанството и одржување на воените сили (војна индустрија, воено стопанство).
Потрошачка логистика, снабдевање на трупите на боиштето.
Произведување и набавка за воени потреби.

Како второ би сакал да Ви укажам дека Александар Македонски ги постигнал своите успеси благодарејки на два фактори
1.Воената вештина, организираност и храброст на Македонските војници
2.Логистката со која успеал да ги снабдува своите трупи во походите на исток.
Во сите воени академии сеусте се изучува Александровата логистика.

Македонија на својот пат на исток во еРепублик не пати од недостаток на војска, од немање на воен дух и храброст.
Походот ке пропадне поради неорганизирана логистика.