Градот со 77 цркви

Day 1,542, 02:30 Published in North Macedonia Hungary by Papa Smurf

Многумина за Прилеп велат дека е мал Ерусалим, бидејќи во населбата Варош биле изградени 77 цркви во ранохристијанскиот период, и дека е втората колевка на христијанството во Македонија, по Охрид. Токму затоа во некои туристички водичи и проспекти, Прилеп не се нарекува само Градот под Марковите кули, Градот на тутунот, Градот на мермерот, Градот на Ѓорче Петров или...
Црквите "Свети Атанас" и "Свети Никола" и манастирот "Свети Архангел Михаил" го одземаат здивот, со остатоците од иконописите и фрескописите на црковните мајстори. Тие, заедно со другите религиозни објекти, се причина некои историчари на уметноста да застанат зад тезата дека Варош е Ерусалим во минијатура и не е само легенда, туку и реалност.
Сепак, со својата импозантност и впечатливост, Марковите кули, од кои се гледаат градот и Пелагонија како на дланка, се највпечатливиот дострел на архитектурата од средновековието во околината на Прилеп. Историското и археолошкото наследство на тврдината на легендарниот крал Марко од неодамна е подостапно. До локалитетот Маркови кули е тампониран пат, кој од градот преку населбата Варош води до непосредна близина на бедемите и кулите.
Историската и археолошка вредност е дополнета со природните реткости и специфики на карпите на Марковите кули, каде што најголемиот скулптор - Природата создала многу креации. Највпечатлив е секако познатиот "Слон", во подножјето на Марковите кули.
Оваа комбинација на природата и културното богатство е причина УНЕСКО да покрене постапка за внесување на Марковите кули во регистарот на светски раритети со посебна заштита. Од неодамна Марковите кули се осветлени и предизвикуваат доживување на фантастичен контакт меѓу праисконот и историјата.
Не многу далеку од тврдините на Марко се наоѓа христијанскиот храм манастирот "Света Богородица - Трескавец" со конаците и манастирската црква. На височина од над 1.300 метри, во непроодните прегратки на сртот Златоврв, ктиторите изградиле велелепно манастирско здание, на кое му го дале името на Христовата мајка, света Богородица. Таму може да се стигне само со запрега, теренско возило и со упорност и добра физичка подготвеност, оти нема друга врска меѓу асфалтниот пат меѓу Прилеп и Македонски брод и манастирот.
На градите на градот е ставен ѓердан од низа стари објекти и споменици - прва секако е Саат-кулата од минатиот век, подарок на градот од прилепскиот еснаф, црквите "Свето преображение" и "Свето благовештение".
Вљубениците во средновековната уметност имаат можност да ја проследат постојаната поставка на 66 икони и други експонати, востановувајќи мала историска престолнина на многу мајсторски творби на старите иконописци од 13 век па наваму во старото Бабанеделино училиште, кое е адаптирано во галерија на икони.
Прилеп се гордее и со епитетот град на Ѓорче Петров. Неговата куќа се наоѓа во Варош. Куќата на Кузман Јосифоски-Питу со експонатите на Меморијалниот музеј "11 Октомври" во таканаречениот бугарски участок се во своевидно единство, иако се оддалечени една од друга повеќе од илјада метри. Неодамна Прилеп му се оддолжи и на Методија Андонов-Ченто со статуа во центарот, а стотина метри подалеку е впечатливиот кип на собирачот на народни приказни Марко Цепенко, со тетратка и молив во рацете, пред Домот на културата, кој го носи неговото име.
Прилепчани, како и сите државјани на оваа земја, го почитуваат и го имаат како "сопственост" таткото на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески, бидејќи е роден во прилепското село Небрегово. Таму се реставрира неговата куќа под покровителство нафондацијата што е конституирана во негова чест. Знак на незаборав за паднатите борци од поновата историја на Прилеп се Алејата на народите херои и Могилата на непобедените.
Музејот на тутун со повеќе од 700 експонати и реквизити за преработка и уживање на тутун, сместен во Институтот за тутун во Прилеп, е уште една локација што не може да се прескокне кога човек ќе дојде во Прилеп.
на добра трпеза
и прилепски шеги
Ако сакате во Прилеп да каснете и да се изнасмеете на прилепските шеги, помош може да очекувате од секој што ќе го сретнете. Прилепчани се љубезни и мошне гостољубиви, и секој ќе ве одведе на асли прилепски ќебапи во атмосфера на автентични мајтапчиски муабети во рестораните во старата чаршија и насекаде низ градот. Може да уживате во прилепските специјалитети "ширден" и "турли-тава", исто така