Во Мостар измерени рекордни +50 степени

Day 1,675, 06:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr.Santino

Во Мостар, според официјалните податоци, е измерена температура од +41 степен Целзиусов. Меѓутоа, Мостарци на интернет објавија фотографија на која се гледа дека температурата достигнала рекордни +50 степени. Според податоците на Хидрометеоролошкиот завод на БиХ, Мостар е најтопол град на просторот на поранешна Југославија.

Поради енормно високите температури, Заводот за јавно здравје донел низа препораки како граѓаните треба да се заштитат од сончаница и од топлотен удар. Донесена е и препорака да се избегнува седење на отворено во најтоплиот период од денот, односно од 10 до 17 часот.

Минатата година, во средината на јули, во градот на Неретва забележани беа рекордни 40 степени, а според прогнозите, ова лето овие рекорди ќе бидат надминати.