ДАНОК ОД 25%, до Јуни моја последна статија

Day 1,649, 01:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Starfool

Поради поголемиот обем на приватни работи (сезона ми е)нема да можам да сум активен толку некое време,затоа предлагам мали измени кои би и помогнале на еМакедонија да стане посилна.

Оваа игра е составена од неколку типа на играчи:
-Политичари: Занеси по медали од избори, како и во реалниот живот-КРЛЕЖИ
-Тенкови: Или се акционери во играта или стари играчи или патриоти
-Економисти: Богати батиња кои паметно создаваат капитал за надоградба на акаунтот, и имаат најголеми можности да станат идни тенкови.
-Анонимуси, доволно им е да произведат колку да преживеат, не ги интересира ни политика ни економија играат од навика или патриотизам
-Новинари: Лупаат по 3-4 статии на ден, некои сакаат да направат некоја промена а некои само да стигнат до медалот
-Платеници, Не им е гајле за кој маваат само да им се плати, тенкови кои се блиску до економистите
-Бебиња, Ентузијасти од кои 90% се одкажуваат до 25 ниво, поради тоа што увидуваат дека нема да ги стигнат тенковите, е оваа статија е за нив.

Зголемување на данокот на 25%. Зошто? Па вака имаме низок просечен левел на играчите, со употреба на оружје до Q4 левел нема баш никаков ефект кој би се постигнал. Данокот од 25% е доволно висок за да може државата да купува оружје од странство и да им праќа на послабите играчи.

Ефекти кон послабите играчи:
- Би се развивале побрзо
- Би биле мотивирани да играат повеќе.

Ефекти кај силните играчи:
- Нивно брзо богатење, доколку имаат лиценци

Зошто баш 25%?
- Приливот на средства во касата енормно ќе порасне
- Останува можноста за надградба на фабриките
- Скока и цената на рав

Позитивни ефекти
- Поголем инфлуенс
- Богатење на тенковите, побогати тенкови-посилен удар

Негативни ефекти
- Голема администрација за делење на тенковите и храната
- Побавен развој на фабриките во првите 3 месеци, до стабилизацијата
- Брза и голема промена на цените но доколку се изнакупат повеќе наши лиценци, цената пак би се стабилизирала, цените би паднале
- Опасност од преголем увоз, Странските тенкови исто би се богателе, но не и оние со кои имаме ембарго

Да не се буните
- Цената на оружјата нема да расте енормно, затоа што играчите од повисок ранг имаат лиценци за продажба за купување од други земји, така што и цената да порасне, тие ќе ја нормализираат
-Постарите играчи со одкажување на дел од профитот, би им помогнале на бебенцата

Критериум за доделување:
-Само најредовните кои пукаат секој ден