Авио проект во Македонска Армија

Day 3,705, 09:38 Published in North Macedonia Saudi Arabia by D0n4t3ll0

Добра вечер Македонци о/

Среќни празници на сите!

Како што кажав, повлекувањето од владини обврски ми даде слободно време да се посветам на проектот што цела година го тропам. Последниве недели заедно со СудакаМКД работевме на ова и ќе дадеме се од себе ова да биде успешен проект кој би ја издигнал еМакедонија како еден сериозен противник во авио битките.
Уште на почеток сакам да напоменам дека сме отворени да помогнеме и на МСС во остварување на нивниот проект.



Сега за проектот:
Да биде јасно, ова е чисто приватно инвестирање од страна на СудакаМКД и мене. Нормално секој кој што смета дека може да помогне е добредојден.

Условите се следниве:

- Да имате Македонско државјанство
- Да бидете членови на авио четата на Македонска Армија
- Да го користите аватарот на единицата (ќе биде објавен дополнително)
- Да бидете дел од нашата Телеграм група
*Појаснување: Се решивме за апликацијата Телеграм бидејќи таму е видлив само вашиот @username, без телефонскиот број. Телефонскиот број ви е потребен само за регистрација, а потоа е скриен.

Играчи со ранк и повисок од Chief Master Sergeant и играчи кои веќе имаат активен Пауер Пакет се исклучени од наградите.


Награди:

- За комплетирање на Дневните Наредби (ДО) секој ден во неделата (7 ДО) и да бидете во топ10 по број на убиства во единицата, само првиот пат добивате 1 ку1 куќа, а следната недела ку2 куќа.
*Појаснување: За да добиете ку2 куќа, мора да ја имате ку1 веќе активна. А доколку веќе имате добиено ку1 куќа како награда, сметаме дека можете во иднина сами да си купувате ку1 куќа заработувајќи од билетите за работа. Со тоа можеме да заклучиме дека ку1 куќата ќе стане задолжителна да ја имате.

- Сите кои што ќе бидете во топ5 по број на убиства во единицата, само и само во авио битки, во цела недела, добивате 1000 денари секој од вас.

- Секој месец играчот со најмногу убиства добива Пауер Пакет.

- Командантот секоја недела ќе доделува награда за најактивниот играч во вредност од 3000 денари. Тоа подразбира активност на Телеграм групата, следење приоритети, барање помош, прашување прашања кога нешто не му е јасно. Еден играч може да ја добие наградава еднаш месечно.

- Прв СХ медал 5000 денари.

- Прв СХ медал за Македонија 10000 денари.

- СХ медал во многу важна битка за Македонија 15000 денари. Ваквите битки ќе бидат најавувани од командантното тело на единицата неколку часови претходно.

- За постигање на секој нов авио ранк ги добивате следниве награди:




- Секој играч кој ќе биде дел од програмата и ќе го достигне ранкот Chief Master Sergeant ќе добие Блитцкриг Пакет како награда за успешно завршување на програмата.



Командантите и капетанот на прва чета да се изјаснат дали ќе се активни и достојни на задачата.

Информациите за бројот на убиства во авио битки ќе ја следиме од тука, така да убиства во граунд битки нема да бидат земани во обзир:


Исто така бројот на извршени ДО, ќе бидат следени од страната на единицата каде што исто така може да се види колку штета имате нправено во авио и колку во граунд битки:



Секој заинтересиран играч е должен да ги контактира Гамбле_24 или СудакаМкд за да во поканат во авио четата и да ги внесат неговите податоци во евиденција.

Програмата стапува на сила од 16ти Јануари (следниот вторник).


Линк до единицата: https://www.erepublik.com/en/military/military-unit/6030
Линк до ГАМБЛЕ_24: https://www.erepublik.com/en/citizen/profile/2567476
Линк до СудакаМКД: https://www.erepublik.com/en/citizen/profile/6200884