Завршна [Лејди]

Day 3,517, 11:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добра вечер Македонци о/

За мене ова беше разочарувачки месец, не беше воопшто како што планирав.
На почеток на мандатов потрошив една недела барајќи земја-партнер за втора тренинг војна. Сите земји кај што пробавме сите не одбија бидејќи веќе имаа свои тренинг војни, а тие неколку што исто така бараа тв, не сакаа да имаат тв на нивни оригинални региони.
Тогаш Бугарија почна да губи против јужните. Пред тоа нивниот ЦП ме прашување да се вклучиме во војната, одбивав поради веќе позната причина. Просто не сакав пак да се отвори вечната војна.
Според мене, ќе беше апсурдно да продолжам да кукам за тренинг војна додека нашиот најблизок сојузник ги губеше оригиналните региони. Грција ги напаѓаше во оригиналните региони иако грчките се уште беа под окупација на Бугарија. Им ја делеа штетата, победуваа во директните и ги трошеа плус со востанија во грчките региони.
Затоа и решив да ја нападнам Грција, па и реално гледано најефтина варијанта испадна. Некако не ми се фрлаше цел АС за тренинг војна.



За во Африка, планот беше да го држиме Египет и тоа да ни биде втората тренинг војна. На сите ни е јасно дека држење на јужните подолго време е само загуба а и скоро е невозможно. Предноста овој пат би била ако се случи НАП, Африка нема да биде нивна.
Меѓутоа Куба без никаков договор со Бугарија ја искористиле ситуацијата и слетале во Египет и еве и сега си тераат тренинг војна со нив. Јас мислев и го предложив тоа на бугарскиот ЦП да ја преместат Куба во јужни региони на Саудиска Арабија и ние да ги земеме Египет. Струман јасно кажа дека нема да им даде никакви региони и дека ако го сакаме Египет треба да ја избркаме Куба од таму. Куба е наш сојузник и нормално дека нема да одиме против нив. Им предложив да им платиме дел од АСот и им предложивме друг план каде би помогнале на сојузник, но и тоа не го прифатија. Шпанците ни го ослободија Синаи, а моравме да го вратиме Лоуер Египет на Бугарија за да си ги поврзаат регионите. И така и останавме на еден регион во Африка. Нено ги прашуваше Бугарите за пат до Филипините, меѓутоа и за тоа бевме одбиени бидејќи УАЕ ќе ги напаѓале и бркале од таму. Откако УАЕ не успеа, Струман ми дојде со идеја да потрошиме цел АС да ги нападнеме Филипините, наместо да ни дадат пат (неколку региони се во прашање). А бидејќи ние не сме ниту партал ниту метла, а и веќе бев доволно лута, ги одбив без размислување.

За НЕ законот кон Бугарија: Константно рефреширав за да се појави Грција во листата на држави за да ја предложам за НЕ. Тие што ја користат скриптата на романецот, ќе ме сватат веднаш. Кога рефрешираш страната се поместува нагоре. Јас рефрешнав и сакав да кликнам на стрелката каде што се отвора листата со земји. Во тој момент страната се измести нагоре и наместо на стрелката кликна директно на "Предложи" а Бугарија беше прва на листата.
Не беше намерно воопшто а богами и го погодив моментот кога ме имаше по бугарските весници 🙂



Едно ново МПП беше планирано да се потпише месецов, континуирано се работи на него последниве месеци, така да кај и да е, се надеваме конечно ќе го потпишеме.

За авијација, идејата секако е на новиот претседател, така да можеби тој конечно ќе ја реализира. Јас останав без финансии а една недела бев и непланирано рл презафатена.

Отчет за потрошените пари: ТУКА



Толку од мене како Претседател на еМакедонската заедница.
Продолжувам на позицијата Министер за надворешни работи на еМакедонија.

Furious Lady

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА о/